Договорот е потпишан на 15 години, за секоја клубот ќе добива 60 милиони
Челзи и „Најк“ потпишаа долгогодишен договор за соработка. Ќе трае во наредната 1,5 деценија за вкупна сума од 900 милиони фунти или 60 милиони фунит годишно. Договорот на клубот со реномираниот производител на спортска опрема од САД дојде набрзо по едностраното раскинување на партнерството со „Адидас“.
И тоа шест години пред истекување на важноста за што премиерлигашот плати и пенали во износ од 40 милиони фунти. Челзи се раздели со „Адидас“ бидејќи компанијата му дава на Манчестер јунајтед 75 милиони фунти годишно што е речиси двојно повеќе од условите што ги имаше со лондонските „сини“.