УЕФА Суперкуп во Истанбул: Ливерпул на пенали до четврта титула (Видео)

Фудбалерите на актуелниот европски шампион беа подобри пеналџии (5:4) од колегите од Челзи, актуелен владетел во Лига Европа, во мечот на „Водафон арена“ во Истанбул и по 1977, 2001 и 2005 година се враќаат на „Енфилд“ со европскиот пехар за кој традиционално се игра на почетокот на секоја сезона. Мечот во основниот дел заврши без победник - 1:1, а двете екипи постигнаа по гол и во продолженијата

Ноќна мора за Челзи и за Лампард на „Олд Трафорд“: Манчестер Ј. ги „помодри“ „сините“ (Видео)

„Црвените ѓаволи“ славеа со 4:0 во дерби пресметката на воведното премиерлигашко коло во новата сезона и испратија силна порака дека максимално ќе казнуваат од секоја укажана прилика без разлика дали ќе доминираат во статистичките категории или не. Два гола постигна Маркус Рашфорд, по еднаш во листата нан стрелци се запишаа Антони Марсијал и Даниел Џејмс

Историска одлука во Нион: Суперкупот меѓу Челзи и Ливерпул за Французинката Фрапар

Таа е делегирана за главен арбитар на УЕФА Суперкупот на „Водафон арена“ во Истанбул на 14 август како прва жена што доби доверба да суди во меч за титула во машка конкуренција. Нејзини асистентентки ќе бидат сонардоничката Мануела Николоси и Мишел О'Нил од Република Ирска, а за четврти судија е назначен Турчинот Ченејт Чакир

Финале во ЛЕ: Славата за Челзи, тагата за Арсенал (Видео)

„Сините“ ја добија лондонската пресметка со 4:1 и по вторпат го подигнаа трофејот во второто по ранг натпреварување на УЕФА по 2013 година кога во Амстердам ја поразија Бенфика. Сите пет гола на Олимпискиот стадион во Баку беа постигнати во второто полувреме. Двапати погоди Азар и по еднаш Жиру и Педро, поразот на „топчиите“ го ублажи Ивоби. Во сабота на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид ќе играат Ливерпул и Тотенхем за трофејот во Лигата на шампиони

Англиска фудбалска рапсодија: Челзи и Арсенал за титулата во Лига Европа

„Сините“ по подобро изведување на пенали го елиминираа Ајнтрахт Ф. со 4:3 по нерешените 1:1 во основниот дел во Лондон како што заврши и дуелот во Франкфурт додека Арсенал и на „Месталја“ ја совлада Валенсија со 4:2