Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео+фото) Најмалку 18 мртви и 59 ранети во нападот врз трговскиот центар во Кременчук 

0
By Соња Крамарска on June 28, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: Шопинг молот во украинскиот град, пред нападот
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најмалку 18 лица загинаа, а 59 се ранети во руски ракетен напад врз преполн трговски центар во украинскиот град Кременчук вчера доцна попладнето, соопшти шефот на украинската Државна служба за вонредни состојби, Серхиј Крук.

Службата за итни случаи сè уште трага по жртвите, изјави за „Киев индипендент“ Максим Коваљев, службеник за печат на администрацијата на регионот Полтава.

Се очекува бројот на загинати да се зголеми додека спасувачите продолжуваат со потрагата, рече Ковалев.

Гувернерот на регионот Полтава изјави дека 36 лица се уште се водат како исчезнати по вчерашниот напад на трговскиот центар Кременчук, додека спасувачите продолжуваат да пребаруваат низ урнатините.

Фото: theguardian.com

„Повеќе од илјада луѓе работеа цела ноќ на урнатините – спасувачи, полицајци, медицински лица и волонтери“, рече Дмитро Лунин во објава во раните утрински часови на Телеграм.

Украина побара денеска да се одржи итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации поради руското гранатирање на цивилни објекти во Киев и Кременчук.

Лидерите од целиот свет побрзаа да го осудат смртоносниот напад врз трговскиот центар во Кременчук, Украина, како невидено воено злосторство, а меѓународниот гнев расте поради нападот, пренесе Гардијан.

Фото: theguardian.com

Во заедничката изјава, лидерите на Г7 го осудија нападот и го оквалификуваа како воено злосторство бидејќи бил насочен кон цивили.

„Ние стоиме обединети со Украина во тагата за невините жртви на овој брутален напад. Неселективните напади врз невини цивили претставуваат воено злосторство. Рускиот претседател Путин и одговорните ќе одговараат. Денеска ја истакнуваме нашата непоколеблива поддршка за Украина пред руската агресија, неоправдана војна по личен избор, која беснее 124 дена“, се вели во реакцијата.

Исто така, францускиот претседател Емануел Макрон го нарече нападот „одвратен“, велејќи: „Ја споделуваме болката на семејствата на жртвите и гневот пред таквото злосторство. Рускиот народ треба да ја види вистината“.

Кременчук напад врз шопинг мол Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.