Најмалку 18 луѓе загинаа, од кои повеќето средношколци, откако дрво паднало врз нив додека биле во посета на популарен водопад во Кинтампо, Гана.
Уште 22 други се повредени и пренесени на лекување во локалните болници.
Екипите за интервенција употребиле пили за да го исечат големото дрво и да ги ослободат оние кои биле заглавени под него.
Во спасувачките тимови учествувала полицијата и противпожарната единица во регионот Бронг-Ахафо, 400 километри северно од главниот град.
Според сведочењата, најголем дел од присутните биле средношколци од средното училиште Венчи Сениор, но исто така имало и голем број на туристи кога се случила несреќата.