Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најмногу долгови во културата: За Скопје 2014 ќе плаќа новата Влада

0
By Нова ТВ on July 21, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 21, 2017 08:22

Министерствата, фондовите, јавните претпријатија  и општините заклучно со 31 мај годинава должат вкупно 363 милиони евра – за неплатени сметки за струја, вода, за набавки, склучени тендери. Долгови имаат речиси сите институци од ичилишта и градинки, до профитабилни претпријатија во државна сопственост. Министерот за финансии Драган Тевдовски лоцира дека најмногу долгови има во културата и здравството.

Скопје 2014: Се градело, а ќе плаќа новата Влада

Претходната влада градела нови театри, споменици и концертни сали, но плаќањето за нивната изградба го оставила на терет на новата Влада. Тевдовски вчера објави дека најголем долг од над 2,4 милијарди денари е регистриран кај дејностите од културата.

Фото Макфакс

Во оваа ставка влегуваат изведените, но неплатени обврски за изградбата на новиот објект на Македонската филхармонија во Скопје, објектот на Мајка Тереза на плоштадот „Македонија“, идното здание на Драмскиот театар и новата зграда на Театарот во Велес.

Изградбата на објектот на Македонска филхармонија чинеше речиси 40 милиони евра, но на крајот на мај останале неплатени околу половина од овие средства.

Неплатени побарувања има и за изградбата на Театарот во Велес, кој беше пуштен во употреба пред три години. Исплатата на изведувачите на работите се развлекувала до денес.

Вториот објект од проектот „Скопје 2014“ – обележјето на Мајка Тереза на плоштадот „Македонија“ се соочува со долгови, иако градежните работи се незавршени. За оваа спомен обележје досега се издвоени над 5,6 милиони евра.

Драмскиот театар во Скопје со години наназад очекува нов објект за одржување на театарските претстави, а договорот за негова изградба беше потпишан годинава непосредно пред промената на власта. За ова театарско здание досега се потрошени над 10,7 милиони евра од државниот буџет, се наведува во базата на податоци „Скопје 2014 под лупа“.

Здравство, јавни претпријатија, општини

Неплатените обврски на здравствените установи се 3.2 милијарди денари (52 милиони евра), во Институтот за трансфузиона медицина (најмногу должи, 283 милиони денари), Општата болница „3 септември“ иКклиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски. Со ребалансот на Буџетот дадени се пари за да болниците и амбулантите не останат без струја и вода и да можат да работат.

Во образованието државата има неплатени обврски за комуналии за студентски домови, за набавка на хигиенски средства, за постелнина… „Македонија пат“ има неплатени обврски кон УЈП… Од јавните претпријатија најмногу должи „Македонски железници Транспорт“ – 2,4 милиони денари.

Од општините, најголем должник е Охрид. Има неплатени сметки од 11,5 милиони евра. Следна на листа е Тетово, со долг од 8 милиони евра, а градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски по различни основи должи 7,7 милиони евра. Сметки не плаќале ниту најпрофитабилните државни компании ЕЛЕМ и МЕПСО.

Долговите се пресметани заклучно со крајот на мај годинава, а министерот Теводвски не кажа од кога се трупале.

Но и вкупната сума на долг од 363 милиони евра, според Тевдовски не е конечна, бидејќи големи се шансите компаниите се уште да не ги фактурирале побарувањата од државата и таа да стигне до 700 милиони евра.

За комплетно раздолжување кон стопанството се водат преговари со Светска Банка, но засега нема прецизни детали како тоа ќе се реализира.

Сите долгови на државата се објавени на веб-страницата на Министерството за финансии на следниот линк:  www.finance.gov.mk.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираше дека ваквото излагање на Тевдовски ниту ќе ги покрие штетите од недомаќинскиот ребаланс на буџетот, ниту ќе ги убеди стопанствениците дека државата е задолжена и дека само што не ни се случило грчко сценарио, како што велат во соопштението

-Министерот Тевдовски во својот познат конфузен стил зборуваше за презадолженост на државата кон стопанството, а најдобар демант за оваа манипулација дојде од самите стопанственици кои вчера го кажаа токму спротивното. Кога Тевдовски зборува за задолженост веројатно мисли на 70-тината милиони евра или речиси 4,5 милијарди денари кои тој преку аукции на државни хартии од вредност ги направи во последните четириесетина дена, се вели во соопштението од  ВМРО-ДПМНЕ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.