Шест луѓе се пронајдени живи во хотелот во Италија два дена по катастрофалната лавина, јавуваат италијанските медиуми. Повеќе информации за оваа најнова вест најавуваат во текот на денот.
Хотелот Ригопијано ди Фариндола во централна Италија завчера го затрупа лавина до која дошло по серија земјотреси. Прво се урнал покривот на хотелот, што го забележале локалните жители и ги информирале спасувачките служби.
Поради големи количества снег и неисчистени патишта спасувачките екипи со часови се пробивале до хотелот и на крај до него стигнале дури вчера околу 4 часот наутро.
Снежниот ѕид висок два метри го погодил хотелот, неколку часа по четири силни земјотреси во серија. Лавината предизвикала да се урне четирикатниот хотел, кој се наоѓа на 1.200 метри надморска височина, и го поместила за 10 метри.
Во моментот кога лавината го однела хотелот, во него имало 20 туристи и седум вработени.