Научниците реконструираа речиси комплетен митохондриален геном на древните човечки суштества, чии остатоци беа пронајдени во Сима де лос Хуесос (“јамата на коски”) во северниот дел на Шпанија, кои потекнуваат пред 400. 000 години.
Тоа е најстарата ДНК која е пронајдена од рани човечки видови, како што објавија авторите на студијата во списанието Природа (Nature).
Древните видови кои открија некои од генетските тајни, преку коски од бедрената коска, веројатно не се директно поврзани со вашето семејно дрво, секако, објавува Си-Ен-Ен.
“Сосема е јасно дека ова не е директен предок на луѓето денес”, рече Сванте Пабо, биолог од Макс Планк, Институтот за еволутивна антропологија и автор на студијата.
Тој додаде дека овој претставник на раните човечки видови, наречен Homo heidelbergensis, може да биде предок на неандерталците и другата група наречена денисовани (De nisovans).
Генетските врска со денисованите, откриени во текот на ова ДНК истражување, се изненадувачки, бидејќи остатоците пронајдени во пештерата имаат многу неандерталски особини. Остатоците од денисованите доаѓаат од Сибир – долг пат од Шпанија.