Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Налејте вино за два пратеника

0
By Биљана Секуловска on July 18, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 18, 2020 09:48

Овие избори пред се покажаа еден загрижувачки факт- дека сме далеку од почетните лекции на демократија – тоа се потврди со уривањето на официјалната страница на ДИК и падот на софтверскиот систем, но и сомнежите дека истрагата ќе биде ставена во фиока, како што и се така во оваа земја останува заборавено и неказнето. Дополнително, за ВМРО-ДПМНЕ се отвори прекрасно, широко поле- да не се признаваат резултатите, ниту победата на СДСМ, да се создаваат нови тензии, конфликти и раздор во општеството.

Секако, иако победи СДСМ, стравот останува присутен- многу отворено и агресивно, нападно и насилнички,  се заканува да победи и една друга опција, политички франкештајн раштркан во повеќе партии.

Таа дијаметрално спротивна политичка опција на СДСМ станува  заканувачка иднина на ова општество, кое со давањето сериозен број на гласови за одредени партии, со радост и милост ги прегрнува  фашизмот, омразата, национализмот, нетрпеливоста.

Погледнете ја само изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски- дека неговата партија освоила повеќе гласови, затоа што СДСМ победила со гласовите на БЕСА. Тоа е истиот лидер кој самоуверено влезе во коалиција со други етнички групи во оваа земја, но секако, очекувано и типично, историски, таму никогаш нема место за албанска партија.

Градење на мултиетничко, мултикултурно општество, чија цел е да се слават различностите и во исто време еднаквоста- оваа идеја која, каква штета, Мицкоски никогаш нема да ја прифати, за него е поприфатливо да се зачекори кон темната страна на историјата.

Тоа идентично место, каде мракот преовладува и стравот се промовира е изборот и на Апасиев, колку е тоа разочарувачка визија за сопствената иднина.

Овој господин замислил дека мандатот за влез во Парламентот е гаранција за небесните височини, каде со презир се гледа на сите што мислат и говорат поинаку, каде може да се плука од горе, небаре лебди над небото. Секако, сите останати да бидат почестени што воопшто им се обратил со слаповите плунка со кои ги дарува.

Неговите неконтролирани изјави, веднаш по добивањето на резултатите, олицетворени во закани- Не се лижете, сите ќе ве стреламе- зарем мисли дека ќе останат неказнети, ќе бидат премолчени? Или сета негова претходна вербална агресија и насилност, таа националистичка историја, ќе биде заборавена?

Неговото време допрва доаѓа, о, колку е таа слика возбудлива.

Тој секако дека со сладок немир се надева дека тоа ќе бидат денови на  слава, пехари од кои ќе тече вино, ќе се прелева и ќе капе насекаде каде и да стапне, дека тревата ќе му се плаши од сенката и спомениците ќе му аплаудираат кога тој ќе се очеша од нивните студени тела.

Но, за жал, ништо од тоа не се случува, никаде и никогаш така не било во политиката. Секако, тоа самиот и ќе го увиди еден сив, надвиснат ден.

И тој ден нема да биде најдобриот за него, ќе го изненади и ќе му застане како грутка, како кнедла, од која, ајде, пробајте да се ослободите. Само се подголтнува, се прочистува грлото, но никако не си оди тежината, или можеби влакно е, или како јазол да се заплеткал, гуши и не проаѓа. Е, да, самиот си го исковал баш тој ден, сепак, сосема самиот, како што така обично бива.

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.