Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Намален број на новозаразени со КОВИД-19, активни околу 5.500 случаи

0
By Ivana on December 14, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 14, 2021 08:13

 Во претходното деноноќие беа регистрирани 82 случаи од направени 1211 тестирања или 6,7 отсто, што е значителен пад на новозаразени од Ковид-19 во однос на претходните денови. Според податоците на Институтот за јавно здравје за период од 29 ноември до 5 декември, процентот на позитивност се движел од 7,8 отсто до 19 отсто, просечно 13,1 отсто.Регистрирани беа осум починати и 265 оздравени пациенти.

Од новозаразените, најмногу се од Скопје – 61, следи Кавадарци – 9, па Гевгелија – 4, Битола и Велес – по 2, Прилеп, Охрид, Неготино и Валандово – 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.503.941 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.490, бројот на оздравени пациенти е 206.211, на починати е 7.740, а бројот на активни случаи изнесува 5.539.

Според епидемиолошки анализи во моментов, најмногу активни случаи има во Скопје – 2714, следи Битола со 457, Прилеп – 336, Кавадарци – 251, Охрид – 222. Во другите градови тој број е под 200, а во Дебар во моментов нема ниту еден активен случај.

Во Дебар расте интересот, пред сè кај повозрасната популација, за имунизација со трета доза вакцина против Ковид-19.

– Во вакциналниот пункт, кој функционира во модуларната болница, дневно трета доза се аплицира во просек кај 50 лица од двете општини, пред сè повозрасни и хронично болни. До =сега со трета доза опфатени се над 600 граѓани, кои примаат вакцина на „Фајзер“, изјави вчера за МИА, Баки Алили, директор на дебарската општа болница со проширена дејност.

Што се однесува до епидемиолошката состојба со коронавирусот, тој вели дека моментно нема активни на болеста.

– Овој месец немаме нови случаи на заразени, а двата случаи кои беа регистрирани минатиот месец се веќе закрепнати. Последниот во списокот на оздравени е внесен на деветти месецов. Од почетокот на пандемијата на подрачјето на двете општини опасниот вирус беше дијагностициран кај 1.456 лица, од нив за жал починаа над 80, додава Алили.

Надлежните постојано апелираат на помасовна вакцинација, бидејќи, како што посочуваат, само така ќе се дојде до колективен имунитет и ќе се спречи ширење на мутации на коронавирусот.

Според последните податоци, досега 48 отсто од полнолетното население е имунизирано.

Во државата сè уште не е регистриран случај на заразен со омикрон и сè уште е доминантна делта варијантата.

Податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат дека во 2020 се регистрирани 83.734 случаи на САРС-КоВ-2, од нив 2 904 се починати (3.47 отсто). Во 2021, заклучно со 7 декември, регистрирани се 134 460 заболени, а од нив 4 784 се починати (3.56 отсто).

Во текот на целата пандемија, од првиот пријавен случај на заразен со корона вирусот во Македонија (26.02.2020), најголем број нови случаи во еден ден се регистрирани на 30.03.2021 година, 1512, а најмногу починати во еден ден една недела подоцна – на 08.04.2021, 49 починати.

Во светот досега се заразиле над 270 милиони жители, починале 5,3 милиони лица и оздравеле повеќе од 243 милиони луѓе.
СЗО вчера излезе со информација дека Омикрон варијантата на коронавирусот е утврдена во 63 земји во светот, прецизирајќи дека податоците се заклучно со 9 декември.


Според СЗО, варијантата Омикрон е позаразна од Делта и ја намалува ефикасноста на вакцините, но предизвикува поблаги симптоми, како што покажуваат првичните податоци.

Побрзо ширење на варијантата Омикрон е забележано во Јужна Африка, каде што варијантата Делта е помалку распространета, но и во Обединетото Кралство, каде што Делта е доминантна варијанта.

Првичните податоци покажуваат дека вакцините се помалку ефикасни во однос на заразата и ширењето на Омикрон, констатира СЗО.

Британскиот премиер Борис Џонсон вчера соопшти дека најмалку еден пациент во Обединетото Кралство починал откако се заразил со сојот омикрон на коронавирусот.

Откако на 27 ноември беа потврдени првите случаи на омикрон во Велика Британија, Џонсон воведе построги ограничувања, а во неделата ги повика граѓаните да примаат дополнителна доза од вакцината за да не се преоптоварува здравствениот систем.

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во СAД достигна 800.000, додека земјата се подготвува за потенцијален нов бран поради повеќе собири во затворени простории во текот на зимските месеци и високо заразниот сој Омикрон.

Бројот на жртви од коронавирусот во САД сега го надминува целото население на Северна Дакота. И покрај достапноста на вакцината, оваа година беа изгубени повеќе животи отколку во 2020 година поради брзото ширење на Делта сојот и одбивањето на милиони Американци да се имунизираат.

Од почетокот на оваа година, повеќе од 450 000 луѓе во САД починале по инфекција со Ковид-19, што е 57 отсто од вкупниот број смртни случаи од коронавирус од почетокот на пандемијата.

Годинава најголем дел од починатите биле невакцинирани, велат здравствените експерти.

Во Грција од вчера стапи во сила забраната за влез во затворени простори за лицата над 60 години кои не примиле трета доза, а поминале седум месеци од вакцинацијата и намалување на три од шест месеци на важноста на потврдата за прележан Ковид-19. Новите мерки, освен за Грците важат и за туристите кои ја посетуваат земјата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.