Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Намален бројот на активни пожари, се утврдуваат штетите и причините

0
By НОВА ТВ on August 13, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Една недела по прогласувањето на кризната состојба во државата поради пожарите,  заклучно со вчерашните податоци на Центарот за управување со кризи, мал е бројот на активните. Паралелно се продолжува со подготовки за проценки на штетите на зафатените локации од пожарите, но и за утврдување на причините за нивно избувнување. Според надлежните, дел од пожарите во земјава се подметнати или се предизвикани од невнимание на одредени луѓе и токму заради тоа мора да имаме посериозна одговорност.

На територија на земјава до синоќа имаше два активни пожара, во скопското село Раовиќ и на потегот меѓу селата Барово и Вешија, каде на непристапен терен беше опожарена мешовита нискостеблеста и вискостеблеста шума.  Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека во гаснењето на пожарот интервенираат две теренски возила, една цистерна на Територијалната противпожарна единица (ТПЕ) од Неготино со шест пожарникари, четири цивилни лица волонтери, едно теренско возило, четворица пожарникари од ТПЕ  од Кавадарци и теренско возило и пет вработени од ШС Демир Капија. По барање на градоначалникот на општина Демир Капија ангажирани се и два армиски хеликоптери.

За пожарот кај село Раовиќ, во општина Сарај, надлежните информираа дека повторно на три-четири места се забележува чадење на самиот срт и по сртот на планината Осој. Пожарите кај селата Дивље и Крушија, пак, се ставени под контрола. Изгаснат е пожарот што избувна во текот на вчерашниот ден на месноста викана Градишче, атар на село Владимирово, а пожарот на градската депонија Виница во место викано Лесковски пат е локализиран, но не и целосно ликвидиран. Ставен е под контрола пожарот, кој избувна меѓу селата Матејче и Виштица, каде гори сува трева и грмушки.

Појава на пожар на отворен простор имало и во атарот на село Отља, кон село Матејче. Во гаснењето на овој пожар се вклучени тројца пожарникари со противпожарно возило, четворица полицајци од ПС Матејче, како и 30-тина граѓани од село Отља. Пожарот е ставен под контрола и не постои опасност од проширување кон објекти и шума.

Француските експерти за високо ризични пожари и директорот на ЦУК Стојанче Ангелов заедно со полициските специјалци вчера беа во природниот резерват „Јасен“, каде имаше дојава за мал чад и за можни жаришта на пожари. На терен не беа окриени жаришта, но сепак контролата на теренот по највисокиот срт продолжува од страна на македонските полициски специјалци и француските експерти за високоризични пожари.

Бугарските медиуми објавија дека првата група на бугарски пожарникари, односно 25, кои беа испратени да ни помогнат во гаснењето на пожарите се вратија во својата земја, во Благоевград и Смолјан. Тие една недела со три противпожарни возила се бореа со пожарите во земјава.

Бугарските пожарникари беа испратени на 4 август, кога пожарот се приближуваше кон бугарската граница. Бугарските пожарникари го гаснеа огнот заедно со своите македонски колеги и со пожарникари од Австрија и Словенија.

Според Бугарската национална телевизија (БНТ), во нашата држава има останато уште 27 бугарски пожарникари кои ќе продолжат да помогаат до целосно гаснење на пожарите.

Во текот на вчерашниот ден гореше депонијата „Краста“ во Куманово. Екипи на „Чистота и зеленило“, на приватни компании со механизација, а претходно и екипи на територијалната противпожарна единица го локализираа пожарот.

Во Беровско, пак, се спроведе акција за собирање пластични шишиња и отпадоци оставени по големите шумски пожари. Акцијата се реализираше во соработка со општинската администрација, граѓани ангажирани преку програмата за јавна работа, вработени во јавното претпријатие за комунални услуги, како и доброволци кои помогнаа во собирањето пластичните шишиња и други отпадоци оставени во гаснењето на големите шумски пожари што го зафатија беровско – пехчевскиот регион.

Во активностите за гаснење и превенирање на пожарите во земјава од страна на МВР се ангажирани полициски службеници, реализирани се мото-патроли и користени се возила, a на терен се и припадниците на сите специјални единици на полицијата. За пожарите на подрачјето на ОВР Делчево, на службен разговор биле повикани две лица на возраст од 57 и 47 години, од с.Нов Иственик и од с.Црник.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во објава на Фејсбук напиша дека дел од пожарите во земјава се подметнати или се предизвикани од невнимание на одредени луѓе и токму заради тоа, како што апелираше, мора да имаме посериозна одговорност.
– Досега МВР има приведено 17 лица, во полициска станица се повикани 16 лица, поднесени се три кривични и две прекршочни пријави. Се уште се работи на добар дел од овие случаи и штом ќе заврши со целата постапка ќе се поднесат соодветни поднесоци, напиша Спасовски.
Постапката, како што се наведе, се води во координација со Јавен обвинител и од таму се добиваат насоките во однос на квалификација на кривичното дело.
Од МВР постојано апелираат строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце можат да предизвикаат пожар. Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец, порачуваат од МВР.
пожар ЦУК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.