Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Намален интерес за студирање на Градежен, деканот изрази загриженост за иднината на градежништвото и државава

0
By Marija Todorovska on July 10, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 10, 2024 14:09

Деканот на Градежниот факултет во Скопје, Горан Марковски денеска информираше за намален интерес за студирање на оваа струка. Па оттаму, тие биле загрижени за иднината на градежништвото, како што истакна Марковски, а уште повеќе загрижени за иднината на државата.

– Бидејќи, држава без домашно градежништво, тешко е, дури и невозможно е да функционира, рече Марковски во изјава за медиуми пред денешната трибина „Развој како услов за опстанок на македонското градежништво“, во рамки на одбележувањето 75 години од основањето на овој факултет.

Тој, одговарајќи на новинарско прашање, посочи оти бројот на дипломирани студенти не е соодветен показател за она што се случува.

– Бројот на запишани е соодветен. Ние изминатите две години имаме запишано околу шеесетина градежници, само по осум геодетски инженери и по два – тројца инженери по геотехника. Ние сме единствен факултет во државава од ваков тип. Можете да замислете што тоа ќе значи за понатаму, одговори деканот.

Само со трипартитна соработка помеѓу државата, односно Владата, образованието односно факултетот и стопанството претставено преку стопанските комори, посочи Марковски, може да се изнајдат решенија што ќе доведат до тоа да се подигне оваа гранка на ниво кое го заслужува, „да биде најдоходовна, да учествува со најголем процент во БДП и дури и да се направи да биде извозна“.

– За тоа се потребени одредени мерки, денеска ќе бидат некои и предложени. Верувам, ќе имаме плодна дискусија со соодветни заклучоци и сите ние да ги преземеме обврските што ни претстојат за да дојдеме до поквалитетни решенија, подвлече деканот.

Марковски се осврна на тоа што од нивна страна може да се детектира и што би довело до зголемување на интересот за изучување на оваа струка и понатаму, вработување на тие инженери во стопанството.

– Прво, да најдеме начин како да се мотивираат новите студенти со државни стипдении и стипендии од стопанството, како може да се подигнат нивните примања на почетокот на кариерата, а тоа може единствено со тоа што го кажа и министерот, фаворизирање – позитивна дискриминација на домашните компании, за да може да се развиваат и на тој начин да вложуваат во стручниот потенцијал, изјави Марковски.

Компаниите, додаде тој, исто така треба да сфатат дека без вложување во човечки капитал, дека не може да има напредок и развој.

– Сето тоа заедно, очекуваме дека во едно догледно време ќе придонесе за подобрување на состојбите во оваа струка. Сакам да напоменам дека градежништвото, земјоделието и туризмот се можеби единствени стопански гранки, што може да оформат целосен производ во нашата држава. И оттаму, наша задача е да им помогнеме на овие гранки за да можат тоа да ни го возвратат. А градежништвото докажало дека тоа може да го направи, рече Марковски.

На трибината на Градежен факултет, присуства и министерот за транспорт Александар Николоски.

Градежен факултет градежништво
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.