Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наместо на проширувањето, Грција ќе се фокусира на економијата и имиграцијата

0
By Светлана Јовановска on January 2, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 2, 2014 11:17

Во првичните планови на Грција, за нејзиното европско претседателство кое започна на 1 јануари, проширувањето имаше своја значајна улога. Но, тоа беше пред повеќе од шест месеци кога Атина се надеваше дека Западниот Балкан ќе и помогне од своето раководење со ЕУ да направи успех кој ќе наликува на 2003 година.

Да се потсетиме дека пред 11 години Грција, на чело на ЕУ, ја донесе Солунската агенда со која започна процесот на стабилизација и асоцијација за Балканот како и преговорите за укинување на визите за овој регион. Агендата беше успешна и нејзините цели остварени.

Но 11 години подоцна сликата е поинаква. Проширувањето отпадна од списокот на приоритети. Атина повеќе не гледа каде може да направи разлика во европската интеграција на регионот. Хрватска влезе во ЕУ во јули 2013 година, Црна Гора преговара за ЕУ а Србија се спрема за преговори, Албанија го чека кандидатскиот статус најдоцна за јуни 2014 година а Косово ќе се фокусира на договор за стабилизација и асоцијација. На опашката останаа Босна и Херцеговина и Македонија.

Од овој аспект на Атина и беше тешко да најде позиција со која би можела да обезбеди успех како тој во 2003 година.

Надежите лежеа за Балканот пред се во напредокот на Македонија кон ЕУ. Пред половина година постоеше можност спорот со името да биде решен. Комесарот за проширување беше фокусиран на спорот и дипломатите беа раздвижени во потрага по решение. Но прогрес не беше направен па Грција одлучи дека не може да забележи никаков голем успех во процесот на проширувањето кој бил круна во нова освежена солунска агенда. Така, најавите паднаа во вода.

И покрај агендата без проширување, грчките политичари тврдат дека овој процес е од стратешко знаечење за ЕУ исто како и регионот. Димитрис Куркулас, заменикот министер за надворешни работи, изјави дека проширувањето било и ќе биде приоритет за неговата земја. Но овој пат, Грција одлучи да не организира значајни настани за овој процес. Претходно беше предвидено продолжување на процесот Солун 2003-2014. Наместо тоа, Атина одлучи дека на земјите од Балканот ќе им помага на секоја посебно во согласност со нејзините заслуги.

Оттука, Грција одлучи да се сконцентрира на економија и миграциите, две политики кои се важни за нејзино заздравување. За премиетор Антонис Самарас претседавањето е можност да се каже дека на неговата земја може сериозно да се смета.
“Ова е шанса за ЕУ да покаже дека земјата на која и се помага е истовремено нормална земја”, рече министерот за надворешни работиа Венизелос.

Економијата, имиграцијата и невработеност на младите се најголемите проблеми за Грција. Потоа доаѓаат на агендата европските избори во мај и Венизелос се надева дека тоа ќе придонесе да се отвори голема дебата за европската иднина.
На овие избори лесно може да се случи партијата Сириза, но екстремно десните партии да добијат голем резултат во Грција бидејќи финансиските мерки не се популарни во земјата а овие партии ги отфрлаат.

Ново финансиско спасување на земјата не е исклучено како што тоа го тврди премиерот Самарас. Германскиот минстер за финансии во вторникот изјави дека неговата земја ќе стои зад Грција доколку земјата продолжи во мерките за заздравување. И рече дека кон средината на оваа година ќе биде одлучено дали и понатаму ќе има потреба од помош за Грција. “Ние нема да и свртиме грб”, рече тој.

Но, предвидувањата за грчката финансиска состојба не се многу оптимистички. Според специјалистите, грчките надежи не се реални и таа предвидува паѓање на грчката економија за 0,4 отсто во текот на 2014 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.