24.018.222 евра. Билоборд со оваа сума е поставен во Тетово. Го вети и го намести актуелниот градоначалник Билал Касами. Овој долг е од денот кога лидерот на Беса ја презеде функцијата прв човек на Тетово.

Новиот градоначалник Касами, неодамна соопшти дека вкупниот долг на Општина Тетово е над 24 милиони евра, пишува порталот Фактор.

Како што соопшти тој, општина Тетово должи 14 милиони евра, Јавното комунално претпријатие 9,7 милиони евра, ЈП Градски паркинг 187.000 евра или вкупниот долг е 24 милиони евра.