Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Намирници за поздрав појадок за лица со над 40 години

0
By Marija Todorovska on May 21, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 21, 2024 09:32

Здравата исхрана е важна за управување со тежината. A пак, појадокот, во таа смисла, важи за најважниот оброк во денот, којшто влијае на човековиот метаболизам и нивото на енергија. За луѓето со над 40 години, високо-протеинска, а ниско-калорична храна наутро може да биде особено корисна.

Протеините се клучни за градењето мускули и губењето маснотии, бидејќи поттикнуваат ситост, обновување и зајакнување на мускулите и помагаат за здрав метаболизам. Д-р Рејчел Лоу од Лондон, Велика Британија, говорејќи за женското списание „Шифајндс“ (SheFinds), посочи три одлични опции за појадок за оние во петтото десетлетие од својот живот, па нагоре, коишто може да придонесат за губење на тежината и поцврсто мускулно ткиво.

1. Процедениот јогурт е моќен појадок што нуди приближно 10 грама висококвалитетни протеини на порција од 100 грама.

– Тој, исто така, е богат со калциум и пробиотици, коишто се клучни за добро здравје на цревата. За да ги подобриме придобивките од сѐ тоа, можеме да го мешаме со свежо овошје како што се бобинки, јаткасти плодови или семиња за да додадеме влакна и здрави масти, вели Лоу.

2. Јајцата се одличен извор на протеини, со околу шест грама во големо јајце.

– Јајцата се многу богати со витамини и минерали, како што се витамините Б и холин, а тие се неопходни за мускулната функција и метаболизмот. Без разлика дали ги сакаме изматени, пржени или варени, јајцата се фантастичен начин да го почнете денот, објаснува Лоу.

3. Свежото сирење е уште еден млечен производ богат со протеини – содржи околу 11 грама протеини на 100 грама сирење. Има мал дел масти и висок удел на казеин-протеинот што се вари полека, поради што нѐ држи сити подолго време. Лоу предлага овие намирници да се комбинираат со овошје или тост од цело житно зрно за урамнотежен оброк.

здрав појадок јајца јогурт лица над 40 години сирење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.