Published: Wednesday, September 11, 2013 11:40
Молотов коктел е фрлен синоќа околу полноќ на амбасадата на Македонија во Приштина, пишуваат приштинските медиуми додавајќи дека нема соопштенија за евентуална штета.
Од полицијата соопшуваат дека нападите ги извеле тројца луѓе во бел автомобил марка „Тојота“, јавува агенцијата Фонет.
Приштинските медиуми наведуваат дека министерствата за надворешни работи на Приштина и Скопје ги осудуваат нападите, како и претседателката на Косово, Атифете Јахјага.




