Најмалку осум се мртви и неколкумина повредени, откако возач на камион возел во погрешна насока по прометна велосипедска патека – вели градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио.

– Возачот на изнајмен камион возел во погрешна насока по прометна велосипедска патека во Менхетен, во близина на Светскиот трговски центар, убивајќи шестмина и повредувајќи многу други – вели полицаец од Њујорк.

Возачот тогаш излегол од камионот покажувајќи лажни пушки и бил застрелан од полицијата. Осомничениот е во приведен и е однесен во болница.

Инцидентот се истражува како тероризам. Сведоци велат дека осомничениот извикувал „Алах е голем“. Одделот за тероризам на ФБИ ја презеде истрагата.

Возачот на камионот, откако прегазил неколкумина удрил во училишен автобус и повредил четворица кои биле во автобусот, но тие поминале со полесни повреди.