Published: Wednesday, September 18, 2013 15:52
Исламска верска заедница денеска денеска со соопштение до јавноста кое го премесуваат медиумите известува дека во струмичкото село Доброшинци, имамот Асанов Ирфан бил нападнат од селаните.
– Напаѓачите, кои веќе им се познати за надлежните органи, барале и му се заканувале на верскиот службеник да отстапи од извршување на верските обреди во селската џамија, се вели во соопштението.
Од ИВЗ бараат надлежните државни органи да преземат соодветни мерки за спречување на вакви инциденти, каде се повредуват верските чуства на граѓаните на нашата земја, кои се гарантирани со Устав. Во спротивно ИВЗ ќе биде приморана ваквите инциденти да ги интернационализира.




