Published: Friday, May 22, 2015 23:55
Сопственикот на порталот Мактел, Саше Ивановски – Политико, вечерва бил нападнат пред зградата каде што живее од две маскирани лица кои носеле шипки, јавува неговиот сајт Мактел.
Ивановски бил удиран во главата и се здобил со повреди. Била повикана брза помош и Ивановски се наоѓа во Градската болница во Скопје каде што ќе се утврди тежината на неговите повреди.
Новинарот го потврдил инцидентот. Тој за Плусинфо рекол дека во последните два дена имал сомнителни телефонски јавувања, но засега не ги знае мотивите за нападот врз него.
Настанот е пријавен во полиција.




