Нападната новинарката на НОВА, Биљана Секуловска. Во обид да ги проследи протестите пред Општина Центар дел од групата демонстранти истапија и се обидоа насилно и ја одзедемат веб камерата, при што довикуваа навредливи зборови.

Сепак новинарката успеа да ги зачува снимките, кои можете да ги видите.

„Без оглед на тоа што јас се обидував да им објаснам дека сум новинар, тие се обидуваа да ме нападнат, ми ја тргаа камерата и удираа по мене. Полицајците мирно гледаа и во моментот кога застанав зад еден од полицајците за да се заштитам, продолжија нападите. Застанав зад живиот штит полицајци кои беа зад ѕидот на Општината и ги прашав зошто не ме одбранат. Во последен момент еден постар полицаец ме заде за рака и ми препорача да не снимам, зашто е опасно“, објаснува Секуловска.