Човекот кој за време на насилството во Собранието, кој го има на видео-запис како ја влечи за коса потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска, вели намерата му била да ја спаси од хаосот, пренесе ТВ 21.

Според него, тој само сакал да ја заштити, па на тој начин се обидел да ја тргне и да ја извлече. Исто така, тој тврди нема потреба да се извини на некој кој се обидел да го спаси.

„Зошто да и се извинам, зошто ја тргнав од гужва?“, вели напаѓачот пред камерата на ТВ 21.

На прашањето, дали е вистина дека тоа го сторил бидејќи негов син загинал во Вејце во конфликтот во 2001 година, тој изјави дека нема деца.