Вооружен напаѓач во средата навечер по локално време убил најмалку четири лица во налудничав поход во градот Далас, во сојузната американска држава Тексас, и притоа ранил неколку лица.
Весникот Далас Морнинг Њуз (Dallas Morning News), го именуваше осомничениот за убиствениот поход како Ирбие Боусер и извести дека е приведен. Во нападот се ранети уште четири лица од кои две се деца.
Имињата на жртвите сѐ уште не се објавени, но според непотврдени извештаи меѓу жртвите е и поранешната девојка на Броусер, пренесува макфакс.
Според телевизиската мрежа ABC News, осомничениот влегол во домот на неговата поранешна девојка во Далас и отворил оган. Две лица загинале а други две биле хоспитализирани во критична состојба.
Бидејќи девојката не била во домот во Далас, напаѓачот отишол во блискиот град Десото каде што прво во една куќа фрлил граната а потоа почнал да пука во луѓето што биле во домот. Во ова пукање се убиени две жени, но полицијата не објави дали меѓу жртвите е и поранешната девојка на осомничениот.