Published: Saturday, November 30, 2013 11:26
Полицијата утринава и официјално потврди дека убиениот маж во Ченто е 46-годишниот Џелал Ајети.
Во вооружениот напад повреден беше и 49-годишниот И.М. кој според послените информации е надвор од животна опасност по интервенцијата на лекарските екипи од градската болница „СВ. Наум Охридски“.
Нападот се случи вчера вечерта околу 18 часот во чајџилницата „Кај Џељо“ во Ченто, каде што непознат напаѓач влегол маскиран со фантомка и пукал во гостите со автоматска пушка.
Напаѓачот е се уште во бегство и полицијата трага по него. Не се соопштуваат мотивите за убиството.




