Судењето за предметот „Насилство во Центар“ ќе продолжи на 17 септември поради промена на адвокатот на еден од обвинетите кој побарал време за запознавање со предметот, па судијата Душан Јосифов го одложи рочиштето.
На последното рочиште, и покрај укажувањата на одбраната, судијата дозволи вештак од Србија да образложи на кој начин ги вештачел материјалите. Во предмет што беше инициран од поранешното СЈО, а сега го води скопското Обвинителство, се обвинети повеќе лица, меѓу кој и поранешниот премиер Никола Груевски (моментно во азил во Унгарија), поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова и други лица учесници во насилните протести пред Општина Центар во 2013 година.