Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Народен правобранител: Не смее да се забрани ученички да носат шамии

1
By Нова ТВ on September 19, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 19, 2017 14:18

Народниот правобранител ја осудува постапката на Министерството за образование и наука кое, како што наведува во реакцијата, со испратен допис му овозможило на директорот на Основното училиште „Братство и единство“ од Охрид да им забрани на ученички да посетуваат настава поради тоа што носеле шамија на главата и бара веднаш да им се овозможи да ја следат наставата.

– Уставот на Република Македонија и Европската конвенција за човекови права предвидуваат и дозволуваат слобода на вероисповед и слобода на изразување на религијата, а според Конвенцијата за правата на детето, слободата на манифестирање на вероисповедта може да потпаѓа само под ограничувања предвидени со закон, а вакви ограничувања не се предвидени со Законот за основно образование и со  останатите позитивни законски прописи, пишува во соопштението.

Народниот правобранител истакнува дека е потребно доследно почитување на законите и задолжителна примена на наведените ратификувани меѓународни акти, како составен дел од македонскиот правен поредок.

– Ова дотолку повеќе што според Уставот на Република Македонија, законите мора да бидат во согласност со Уставот, како и сите други прописи, кои се темелат на законите, и секој е должен да ги почитува, се вели во соопштението од Народниот правобранител.

Народен правобраните реакција забрана за носење шамии во школо
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

ВЕСТИ May 1, 2026

Протест на Сојузот на синдикатите на Македонија под мотото „За плата се бориме, не се…

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.