Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Народна банка се подготвува да воведе дигитален денар

0
By НОВА ТВ Mitreska on April 28, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стабилноста на денарот е јавно добро и е клучна за општата стабилност во економијата. Тоа укажува колку е голема одговорноста којашто ја има Народната банка, како институција којашто има мандат да се грижи за неговата стабилност, посочи на свеченоста за одбележување на 30 години монетарна самостојност гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

-На овој свечен ден, кога чествуваме јубилеј којшто не е значаен само за Народната банка, туку за татковината и за нацијата во целина, стоејќи пред вас, уште еднаш нагласувам – стабилноста на денарот е загарантирана, истакна гувернерката на Народната банка.

Таа додаде и дека по примерот на Европската централна банка, Народната банка започнала и со првични активности за разгледување на можноста и потребата од воведување дигитален денар.

-Ако анализите покажат дека е потребно и соодветно воведување дигитален денар, при некои од следните одбележувања на денот на монетарното осамостојување, се надевам веќе ќе говориме и за дигиталниот денар како официјално платежно средство во земјата, рече гувернерката.

Таа во своето обраќање посочи дека изминатите години Народната банка има постигнато значајни резултати.

-На почетокот на 2019 година, како осумнаесетта земја во светот, беше достигнат највисокиот меѓународен статистички стандард на ММФ, а минатата година, Европската Комисија донесе одлука дека банкарската регулатива и супервизијата којашто ја спроведува Народната банка е еквивалентна на европската и со тоа банката е вклучена на листата од само 26 земји во светот коишто ги исполнуваат овие стандарди, посочи Ангеловска-Бежоска.

Во поглед на траснапрентноста, како што додаде, Народната банка е втора централна банка во светот, за којашто ММФ направи оцена според најновиот Кодекс и нè радува што констатираше висок степен на транспарентност.

-Секој историски значаен јубилеј, во извесна мера нè поставува на крстопат, при што осврнувајќи се на веќе оствареното, треба да донесеме одлука или да потврдиме по кој пат продолжуваме понатаму. Затоа, морам да истакнам дека независно од тоа како ќе се одвива евроинтегративниот процес на земјата, европските стандарди ќе продолжат да бидат наша водилка кон европското семејство на централни банки. А, тогаш кога ќе се заокружи европско поглавје од нашата приказна и денарот ќе остане наш историски симбол на стабилност, верувам дека уште еднаш ќе се потврди дека како централна банка сме чекореле по вистинскиот пат, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.