Published: Sunday, October 27, 2013 18:12
Народниот правобранител Иџет Мемети утре ќе го посети новинарот Томислав Кежаровски, осуден на затворска казна во времетраење од четири и пол години поради објавување на идентитет на заштитен сведок.
Правобранителот го прифатил барањето на Здружението на новинари и се очекува утре да го посети Кежаровски во неговата затворска келија, јавуваат македонските медиуми. Кежаровски е единствениот новинар во Југоисточна Европa кој отслужува затворска казна поради објавен новинарски текст.




