Откако израелската армија обвини дека Хамас го прекршил примирјето, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху попладнево наредил армијата да возврати на новите ракетни напади од Појасот Газа.
Израелската армија соопшти дека ракетите испукани од страна на Хамас паднале на поле во близина на градот Бершеба. Во нападот никој не е повреден, но е нарушено еднонеделното примирје.
Палестинците бараат крај на египетската и израелската блокада на Појасот Газа. Израел бара Хамас да се разоружа.