Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Нашиот клас” ја доби наградата за најдобра претстава на Јоаким интерфест

0
By Нова ТВ on October 14, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Претставата „Нашиот клас“ по текст на Тадеуш Слобоѓањек, во изведба на Театарот за деца и младинци од Скопје, а во режија на Владимир Милчин е прогласена за најдобра на 9-тото издание на фестивалот Јоаким интерфест во Крагуевац, Србија.

„Нашиот клас“, кој Слобоѓанек го објавува во 2009 година, е потресна приказна за комплицираните полско-еврејски односи во 20 век, за колективниот срам, за вистината која никому не е потребна и за историјата на која не може да ѝ се суди, не може да се реконструира, ниту, пак, може да се објасни. Драмата беше номинирана за престижната полска книжевна награда Нике за 2010 година, а Европската театарска конвенција ја рангира меѓу најдобрите современи европски драмски текстови напишани во 2009 и 2010 година.

Наградата за режија на Јоаким Интерфест и е доделена на Снежана Тришиќ за претставата „Носорог“ по текст на Ежен Јонеско, во изведба на театарот од Кикинда. За најдобра актерка е прогласена Марина Воденичар, за улогата на ликот на Дејзи во „Носорог“, додека нејзиниот колега од истата претстава Ѓорѓе Марковиќ ја доби наградата за најдобра машка улога.

Специјалната награда за општествен ангажман и колективна игра ја доби претставата „Трпеле“ на Белградскиот драмски театар, која ја освои и наградата од публиката.

За наградите одлучуваше треточлено жири во состав: Златко Паковиќ, театарски критичар и драмски писател од Белград, Марко Сошич, режисер и драматург од Словенија и Исидора Рајковиќ, актерка на Крагуевачкиот театар.

Слоган на годинешното издание на „Јоаким Интерфест“ беше „Војната во нас и околу нас“, по замисла на селекторот Горан Цветковиќ, а фестивалот е замислен како поле за општествена активност и третирање на актуелните политички проблеми во целиот регион. На фестивалот, кој започна на 7 октомври, учествуваа театри од Србија, Хрватска, Македонија, Словенија и Босна и Херцеговина.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.