Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нашите деца во бездната на говорот на омразата

0
By Zoran Ivanov on July 1, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 1, 2026 19:59

 Вербалниот товар од говорот на омраза е посилен и поефективен. Зборовите оставаат траги. Понекогаш подлабоки од секоја физичка повреда. Дете кое секојдневно расте опкружено со омраза на социјалните мрежи, полека почнува да верува дека тоа е нормалниот начин на комуникација. Дека сочувството е слабост, а навредата е сила.

Вики Чадиковска

Најстрашниот говор на омраза, не е оној што го читаме. За жал, најстрашен е оној говор што го учат нашите деца.

Учат дека е нормално да се навредува човек затоа што има поинакво мислење. Дека е дозволено да се понижува нечиј изглед, професија или достоинство. Дека зад екранот нема одговорност. Но, има. Особено кога зборовите доаѓаат од луѓе што ги следат илјадници. Од јавни личности. Од инфлуенсери. Од новинари, јавни личности, но и од политичари. Тие не се само носители на функции. Тие се пример. И секој нивен збор, секоја навреда, секоја омаловажувачка објава или поттикнување на поделби станува порака дека таквата комуникација е прифатлива.

Кога политичката дебата ќе се претвори во говор на омраза, кога аргументите ќе ги заменат навредите, а почитта ќе ја замени понижувањето, најголемата цена не ја плаќаат политичарите. Ја плаќаат децата.

Затоа што тие растат со впечаток дека моќта се покажува со навреда, а не со достоинство. Дека најгласниот е во право. Дека различното мислење не се почитува, туку се напаѓа. Не можеме да бараме од децата да бидат љубезни и без агресија, ако ние, возрасните како нивен филтер, особено тие што имаат јавна моќ и влијание, секој ден правиме и покажуваме спротивно. Со секој навредлив коментар, со секоја пцовка, со секое понижување напишано зад тастатура, некој мисли дека победил во расправија.

Но, факт е дека всушност, губиме сите. Затоа што нашите деца гледаат. И учат. За жал, како не треба. Учат дека е нормално да се навредува човек, затоа што има поинакво мислење, различно од нашето. Учат дека е дозволено да се понижува нечиј изглед, успех, професија или семејство. Дека зад екранот нема последици. А има.

Вербалниот товар од говорот на омраза е посилен и поефективен. Зборовите оставаат траги. Понекогаш подлабоки од секоја физичка повреда.

Дете кое секојдневно расте опкружено со омраза на социјалните мрежи, полека почнува да верува дека тоа е нормалниот начин на комуникација. Дека сочувството е слабост, а навредата е сила. Дека повредувањето е нормално и прифатливо, а не штетно.

Не можеме да бараме децата да бидат љубезни, ако ние возрасните секој ден им покажуваме спротивно. Социјалните мрежи се огледало на нашето општество. А децата се исклучиво наше огледало.

Пред да напишеме коментар полн со гнев, вреди да си поставиме само едно прашање: Дали би сакал(а) моето дете утре да ги користи истите зборови?

Ако одговорот е „не“, тогаш многу веројатно, токму ние сме тие кои треба да ја почнат промената. Затоа што секој збор што го оставаме на интернет е лекција што некое дете ја чита.

И токму затоа, јавниот збор никогаш не е „само збор“. Тој е лекција. Се’ почесто сме сведоци на јавни тепачки на деца. Тоа е плод на акумилараната агресија од сеприсутниот говор на омраза на социјалните мрежи како медиумски платформи.

Овие три дена повторно, за жал, бевме сведоци како дури и смртта не е доволна за да го замолчи говорот на омраза. Наместо достоинствено простување, се појавија навреди, етикетирања и коментари кон починатиот музичар- Владо Јаневски. Кога различноста станува причина да се изгуби почитта кон човечкото достоинство, тогаш веќе не зборуваме за суштинска дебата, туку за длабока општествена криза на вредности.

Не мора да се согласуваме со сите. Тоа е суштината на демократијата. Но, мора да научиме да не ја губиме човечноста. Зашто кога ќе ја изгубиме неа, губиме многу повеќе од една расправа на социјалните мрежи. Го губиме примерот што им го оставаме на нашите деца.

Од Фејсбук ѕидот на авторката

вики чадиковска колумна ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.