Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште за седмообвинетиот Димче Крстев во случајот „Насилство во Центар“.
На главната расправа судијката Татјана Михајлова одлучи за Крстев да ја раздвои постапката и да му се суди одвоено.
Тој се изјасни дека не е виновен и на последното рочиште побара судењето да се одложи, бидејќи нема адвокат и има здравствени проблеми.
Во случајот „Насилство во Центар“ 14 лица се обвинети, меѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова.
На претходните рочишта,вина за настаните пред општина Центар во јуни 2013, признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски, кои се осудени на шестмесечни условни казни.