Ирак се соочи со нов бран на бомбашки напади во кој загинаа најмалку 21 луѓе – главно фокусирани на шиитските области – велат официјалните претставници, јавува ББЦ.
Најкрвавиот напад беше во градот Хила, јужно од главниот град Багдад, каде што од две автомобил-бомби на пазар загинаа најмалку девет цивили.
Други бомби го погодија Багдад, како и Басра, Насирија и Карбала во јужниот дел на земјата.
Секташкото насилство бележи нагорна линија во Ирак во последниве месеци, достигнувајќи највисоко ниво од 2008 година.
Повеќе од 5.000 луѓе се убиени досега оваа година во Ирак, 800 од нив во август, според Обединетите нации.