Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Насилството ескалира во источен Ерусалим, 24 палестинци се убиени во Газа од страна на израелските сили

0
By НОВА ТВ on May 11, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вчера се одржа националистички израелски марш за годишниот Марш за Денот на Ерусалим што го одбележа израелското заземање на Источен Ерусалим во 1967. Исто така на друг крајно десничарски марш во Ерусалим кој се случил на 22ри април, израелските демонстранти извикувале „Смрт за арапи“ и „Нека ви гори селото“. Се смета дека овој националистички марш, како и насилството и долгите легални процедури низ кои поминуваат палестинците кои живеат во источен Ерусалим, придонесоа до ескалацијата на насилството вчера.

Во последните неколку дена се случуваат повторни судири помеѓу палестинските демонстранти и израелската полиција откога израелските власти се обидоа да иселат повеќе палестински семејства кои живеат во населбата Шеик Џарах во источен Ерусалим и да населат еврејски жители. Во оваа населба исто така се наоѓа Џамија Ал-Акса, третото најсвето место за верниците од муслиманска вероисповед. Во судирите со полицијата биле повредени стотици палестинци наспроти околу само 20 израелски полицајци.

Насилството дополнително ескалираше вчера кога по полициската бруталност во Шеик Џарах, милитантни палестински групи истрелаа ракети близу до Ерусалим, но изгледа дека никој бил убиен од овој напад. За разлика од овој напад, 24 палестинци беа убиени од страна на израелски воздушни напади врз окупираната палестинска територија Газа – девет од убиените биле деца.

Во интервју со Democracy Now!, палестинскиот поет и писател Мохамед Ел-Курд, кој живее во Шеик Џарах, вели дека секоја година слуша како се извикуваат националистички и расистички пароли на маршот на Денот на Еурсалим. Во интервјуто, 22-годишниот писател раскажува за како неговата куќа во која тој живее со неговото семејство е делумно окупирана од страна на Џејкоб, американец од Бруклин, Њу Јорк. Ел-Курд вели дека овој човек е колонизатор и дека веќе подолго време се случуваат вакви работи во неговата населба заради „организации на доселеници поддржани од милијардери, често регистрирани во САД, кои ги вработуваат овие луѓе да доаѓаат и да живеат во нашите домови и да нè малтретираат и заплашуваат.“

Во многу гледано онлајн видео може да се види Муна Ел-Курд, сестрата близначка на Мохамед Ел-Курд, како се расправа со лицето Џејкоб кој живее во дел од нејзината куќа 12 години. Кога Муна му вели на Џејкоб дека тој ѝ ја краде куќата, тој ѝ вели „Ако јас не ја украдам, некој друг ќе ја украде.“

САД, Европската унија и Велика Британија ги повикаа Израел и Палестинците да ги намалат тензиите што е можно поскоро. Но Мохамед Ел-Курд смета дека ваквите изјави од страна на меѓународната заедница не се доволни и дека често тие го истоветуваат системското насилство кое го трпат палестинците од страна на окупирачката израелска сила со повремените одбранбрени напади од палестинците и дека со вакви изјави ефективно само се поддржува израелската окупација.

„Ја повикувам меѓународната заедница, но исто така ги повикувам луѓето, слободните луѓе во светот, да преземат нешто против ова, да се стави крај на израелската окупација на Палестина во целост. Не станува збор само за Шеикот Џарах. Станува збор за целата Палестина, која е проголтана од ѕверот на израелскиот колонијализам,“ кажа Мохамед Ел-Курд.

Светот продолжува да ги следи настаните во источен Ерусалим и други места каде живеат палестински жители, но не е јасно кога и дали насилството од страна на израелската влада предводена од Бенџамин Нетенјаху – кој е обвинет за корупција – би можело потенцијално да де-ескалира.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.