Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наскоро Русија нема да може да си го исплати надворешниот долг

0
By Ivana on March 14, 2022 СВЕТ
Фото: RT/printscreen
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Русија наскоро нема да може да си го исплати надворешниот долг – не ќе може да ги исполни обврските кон надворешниот долг за првпат од Болшевичката револуција пред еден век.

Според рускиот министер за финансии Антон Силунов, половината од надворешните резерви на земјата, околу 315 милијарди долари, се замрзнати со западните санкции наметнати поради инвазијата на Украина.

– Како резултат на тоа, Москва ќе ги исплаќа во рубљи кредиторите од земјите кои се непријателски сè додека санкциите не се укинат, рече тој.

Агенциите за кредитен рејтинг најверојатно ќе сметаат дека Русија не е во можност да си го плаќа долгот ако Москва пропушти исплата на ратите или ако го отплаќа долгот издаден во долари или евра во други валути како рубља или кинески јуан.

Неплаќањето на долгот ќе ги избрка од Русија и оние малку странски инвеститори што останаа и уште повеќе ќе го изолира стопанството кое почна да пропаѓа.

Неисполнувањето на обврските може да се случи веќе в среда, кога Москва треба да исплати 11 милиони долари во камати за владините обврзници издадени во долари, според Џеј-Пи-Морган Чејс. 

Директорката на Мeѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева, вчера кажа дека руското неисполнување на обврските веќе не е неверојатно.

„Русија има пари за да го сервисира долгот, но нема пристап до нив“, рече Георгиева.

Георгиева рече дека засега не е веројатно дека ќе се развие финансиска криза, и кажа дека изложеноста на западните банки не е системски релевантна.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025
ФОКУС

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

ВЕСТИ October 24, 2025

Италијанската група на жртви на сексуална злоупотреба „Рете л’Абусо“ (Rete l’Abuso) објави извештај во кој…

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025
ТИКЕР

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.