Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Настаните во Битола торпедо врз дијалогот или само провокација?

0
By Mirjana on April 18, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
На отворањето на центарот „Ванчо Михаилов“ во Битола дојде владиниот врв на Бугарија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 18, 2022 14:05

И денеска не стивнуваат реакциите за тоа што сакал да покаже бугарскиот естаблишмент кој присуствуваше на отворањето на клуб при културниот центар во Битола насловен по Ванчо Михајлов –  историската личност познатa, меѓу другото и по тоа дека не признавал македонска нација, јазик и култура. Дел од реакциите ваквиот бугарски гест го образложуват со јакнење на сопствената преговарачка позиција и слабеење на нашата во пресрет на јунскиот состанок на врвот на ЕУ. За историчарот професор доктор Тодор Чепреганов нема дилема дека бугарскиот политички врв сака да ни порача дека и тој е на линијата на Михајлов кога е во прашање Македонија, нејзиниот народ, јазик и култура, освен вели, ако бугарската држава не решила да го рехабилитира, како што ги рехабилитирала останатите соработници на фашистичкиот режим во 1996-1997 година, претворајќи ги од учесници во жртви.

„Михајлов во периодот од 1924 -1930 година е директно одговорен за над 4 000 убиства на Македонци во Бугарија. Како бугаризиран Македонец, работи за националните интереси на Бугарија и не признава македонска нација, јазик и култура. Самиот факт што изјавува дека постојат „говеда македонски“ јасно ја исцртува линијата каде припаѓал и за што се залагал. Оттаму логично се наметнува прашањето дали културен клуб може да се именува по неговото име затоа што тој не е никаков културен деец, и кога би требало да се вброи во некој ред тоа би било сигурно редот на атентаторите. За да веруваме во нивната добронамерност како соседи не треба да именуваат културни клубови со имиња кои разединуваат туку со имиња кои обединуваат. Зошто тоа да не биде Георги Димитров, вели во изјава за НоваТВ, проф.др. Чепреганов.

Оттаму Чепреганов е убеден дека овој гест на бугарскиот политички врв бил само добро обмислена провокација.

„Од друга страна треба да и се честита на Бугарија бидејќи со ова покажуваат како се грижат за правата на својата заедница во Македонија. Ова треба да послужи за да ни ја одгатне дилемата што треба да прави македонскиот државен врв за правата на луѓето во Бугарија кои се декларираат дека се со македонска самосвест“, вели Чепреганов, додавајќи дека после еден ваков чин беспредметна станува работата и на Мешовитата комисија за историско – образовни програми.

Реагираат и од ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на партијата Христијан Мицкоски ја повикува ЕУ да стави крај на , како што вели, бугарските фашизоидни и хегемонистички намери кои се со цел да извршат притисок врз Македонија.

„ Петков прво што треба да направи кога ќе се врати во Софија е да отвори најмалку два вакви клуба во Благоевград и Сандански за Македонците кои живеат таму. Гледам и дека потпретседателот на Бугарија продолжува со неевропските вредности и негирањето на македонското малцинство и тоа навистина нема никаква врска со европските вредности кои овие политичари треба да ги промовираат, напротив, нѐ враќаат во едни минати времиња, во времињата на бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна овде во Македонија, на жртвите кои македонскиот слободарски народ ги има дадено за да создаде своја демократска држава и да можеме ние денеска да го живееме ова што го живееме и да се ослободи од еден таков фашистички окупатор каков што бил бугарскиот за време на Втората светска војна. Јас после оваа провокација и овие изјави дадени овде во Македонија навистина немам што да додадам, освен со чудење да констатирам дека не знам кој е тој политичар или историчар кој ќе седне на маса заедно со неговите колеги од кај нашиот источен сосед и да продолжи да преговара за постигнување договор барем до јуни. Ако ова е да си најдат некаков изговор зошто повторно да ја блокираат Македонија, тогаш се прилично успешни – додаде Мицкоски.

Меѓу првите кои настапија со став за тоа зошто се употребило името на Ванчо Михајлов за клубот на културата во Битола беа македонскиот претседател Пендаровски и премиерот Ковачевски.

Наведувајќи дека иако отворањето културни центри насекаде во демократскиот свет е чекор кон зближување на народите и нивните култури, именувањето на установи од областа на културата според докажан соработник на фашистичкиот режим од Втората светска војна не и служи на таа благородна кауза, порача претседателот Стево Пендаровски

– Не спорејќи ја добрата намера на премиерот Петков, вчера во Битола во составот на бугарската делегација беа и двајца претставници на поранешната власт во Софија кои беа најгласни противници на македонскиот пат кон Европа. Со самото нивно присуство и изјави беа минимизирани пораките за добрососедство и соработка кои беа испратени од бугарскиот премиер, наведува Пендаровски.

Премиерот Димитар Ковачевски, пак, посочи дека се работи за контроверзна историска личност, која кај нас е доживувана на различен начин од различни групи на граѓани. „Сепак, бидејќи се работи за граѓанска иницијатива, согласно Европската конвенција за човекови права, со која ние сме целосно усогласени, ваквите проекти не се предмет на државен надзор. Во Република Северна Македонија е овозможено сите граѓани слободно да ги практикуваат своите етнички, религиски и идеолошки убедувања“, вели тој истовремено упатувајќи порака до официјална Софија.

„Воедно и Владата на Република Северна Македонија како и јавноста со нетрпение го очекува денот кога и кај нашите соседи ќе созрее времето кога и таму оние граѓани кои имаат, на пример, македонско самосознание, ќе можат на ист таков слободен начин да ги практикуваат своите уверувања“, и порача Ковачевски на Софија.

(М.Трпческа)

 

реакции по бугарската обиколка на Битола и Охрид
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.