Published: Wednesday, March 16, 2022 12:25
Децата до 8 одделение да не носат заштитни маски на училиште.
Ваква одлука донеле членовите на Комисијата за заразни болести на денешниот редовен состанок, дознава НоваТВ од извори во Комисијата.
Оттаму ни рекоа дека сепак се работи за препорака, а конечната одлука, како и претходно ќе треба да ја донесе Главниот кризен штаб и Владата.
Од Комисијата велат дека будно ќе ја следат епидемиолошката состојба во земјава.
(Б.Б.)




