Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наставнички пленум: Уште една подлост од господата од МОН

0
By Нова ТВ on April 1, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 1, 2015 12:12

Наставничкиот пленум објави писмо во кое јавно ја изразува својата поддршка за Средношколскиот пленум, во кое меѓу другото им порачуваат „Заедно сме посилни“.

Писмото ви го пренесуваме интегрално:

Тој што не знае, а знае дека не знае, дете е – научете го!
Тој што не знае, а не знае дека не знае, опасен е – избегнувај го!
Тој што знае, а не знае дека знае, заспал – разбудете го!
Тој што знае, а знае дека знае, мудар е – следете го!
Конфучиј

Одлуката којашто денеска е донесена е противуставна. Имено, оваа одлука е дискриминирачка за учениците од природно-математичкото и јазично-уметничкото подрачје во однос на учениците од општествено-хуманистичкото подрачје. Со оваа одлука практично на учениците од природно-математичката и јазично-уметничката насока им е оневозможен изборот (едните имаат математика, другите странски јазик како втор задолжителен предмет), додека за учениците од општествено-хуманистичкото подрачје вториот предмет на матура е изборен. Според Наставнички пленум е недозволиво ученици од исто училиште (гимназија) да полагаат матура под различни услови. И претходната одлука со која за гимназијалците математика беше задолжителен предмет на матура, а за учениците од стручните училишта не, беше исто така дискриминирачка, но ова сега е врв на непромисленост и немање основна концепција.

Ученици наши!

Денес повторно се обидоа да ве изиграат. Дали им успеа? Дали сте изиграни?

Уште една подлост на господата од МОН! Но овој пат видовме подлост и од вашите соученици, од членовите на Средношколската унија кои знаеме дека не ги застапуваат своите интереси и се продолжена рака на оние кои намерно или ненамерно ни го уништија образовниот систем. Средношколска унија не е активна од 2013 година. Како наеднаш за два дена откако се појави, издејствува средба со Раководството на МОН? Но, вие, членовите на Средношколскиот пленум, знаете да се борите и ќе се изборите, зашто вие сте паметни, размислувате, имате цел во животот и не сте ничии поданици. Вие сте денес мудрите, вие сте тие што знаете дека знаете, а ние сме вашите поддржувачи и следбеници. Да ние вас ќе ве следиме. Вашата мудрост е во вашата храброст и ум да се спротивставите на заспаните и оние другите што не сакаат да ја видат и слушнат вашата свест и разумност. Ние само можеме да се гордееме со вас. Иако ние сме учителите во училиштата, вие сте нашите учители од животот зашто ни ја будите надежта, ни го враќате младешкиот елан и вербата дека навистина заедно сме посилни! Имате несебична и безрезервна поддршка од вашите наставници од Наставничкиот пленум.

Доста беше молк! Заедно сме посилни!

Со почит,

Наставнички пленум

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 20, 2026Updated:July 20, 2026

Привдена директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани и двајца нејзини соработници

ВЕСТИ July 20, 2026

Приведена е директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани, како и уште двајца нејзини…

Њу Џерси: Аргентина – Шпанија 0 : 1 – Шпанија светски првак во фудбал

July 20, 2026

Иран се повлече од договорот со САД

July 19, 2026

Кочани: 47-ми Марш на Ангелите – одговорните не ги заштитиле младите животи

July 18, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.