Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НАТО испраќа 800 италијански војници во поддршка на Бугарија

0
By Соња Крамарска on May 24, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Италијанскиот премиер Марио Драги во Рим го прими бугарскиот премиер Кирил Петков, соопшти прес-центарот на бугарската влада. Двајцата премиери разговарале за енергетиката, безбедноста и борбата против корупцијата. По разговорот, бугарскиот премиер Петков ја истакна недвосмислената поддршка од неговиот италијански домаќин Марио Драги за бугарската влада и нејзините политики.

Петков рече дека Италија испраќа повеќе од 800 луѓе во Бугарија како дел од баталјонот на НАТО, што според него е многу добар знак за поддршка што доаѓа од Рим. Петков посочи дека добил честитки од италијанскиот премиер за цврстиот став на Бугарија за едностраните дејствија на Гаспром, и дека премиерот Марио Драги изразил уверување дека Бугарија и Италија ќе работат заедно на зголемување на потенцијалните испораки на гас во Европа од Азербејџан и други земји.

„И двајцата сметаме дека ни една европска земја не може сама да се справи со овој проблем и треба да се има заеднички став“, додаде Петков. Во спротивно, рече тој, постои сериозна опасност Гаспром да „игра” со различни услови во однос на различни земји од ЕУ. „Ова прашање треба да го решат европските лидери на највисоко ниво“.

Кирил Петков и неговиот италијански колега Марио Драги сметаат дека треба да се прошири мандатот на Европското јавно обвинителство, вклучително и во однос на перењето пари, кое влијае на различни земји на континентот, јави дописникот на МИА од Софија.

Бугарија италијански војници Кирил Петков НАТО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.