фото: Ројтерс
Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен ја поздрави изјавата на британскиот премиер Дејвид Камерон во петокот кој рече Велика Британија ќе остане обединета држава по референдумот во Шкотска, јавуваат странските медиуми.
„Обединетото Кралство е едно од основачите на НАТО и уверен сум дека ќе продолжи да игра силна водечка улога во одржувањето на Алијансата”, рече Расмузен во соопштението. „Го поздравувам премиерот Дејвид Камерон за изјавата дека Велика Британија ќе продолжи напред како обединета држава”, додаде генералниот секретар.
САД и другите земји членки на Алијансата изразија загриженоста од евентуалното отцепување на Шкотска, каде се наоѓа британскиот нуклеарен арсенал, поради можното ослабување на важна членка на НАТО.