Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НАТО сними видео за „волците“ на македонската армија

0
By Нова ТВ on March 3, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 3, 2021 23:17

Македонските специјални сили „Волци“ во Германија извежбуваат операции со американски „зелени беретки“ и колеги од други НАТО-земји, како подготовка за учество во Компонентата за специјални сили на НАТО силите за одговор. НАТО објави видео со припадници на Баталјонот за специјални намени на АРМ „Волци“, снимени на вежбата „Combined Resolve XV“ што од почетокот на февруари до петок се одржува на воените полигони Графенвоер и Хохенфелс во Германија. Фотографиите и видеото од настанот ги објави агенцијата „Мета“.

Фото: принтскрин НАТО мултимедија
Фото: принтскрин НАТО мултимедија
Фото: принтскрин НАТО мултимедија
Фото: принтскрин НАТО мултимедија
Фото: принтскрин НАТО мултимедија
Фото: принтскрин НАТО мултимедија
Фото: принтскрин НАТО мултимедија
Фото: принтскрин НАТО мултимедија
Фото: принтскрин НАТО мултимедија
Фото: принтскрин НАТО мултимедија
Фото: принтскрин НАТО мултимедија
Фото: принтскрин НАТО мултимедија
Фото: принтскрин НАТО мултимедија
Фото: принтскрин НАТО мултимедија
Фото: принтскрин НАТО мултимедија

Во осумминутното видео, меѓу другото, се прикажани македонските „Волци“ како со американски специјални сили извежбуваат извидувачко-напаѓачка мисија. „Волците“ се снимени во извежбување процедури со американски повеженаменски хеликоптери УХ-60 Блекхок, соработка на „волците“ со американски Контролор на здружен терминален напад (JTAC), подготовка за извидувачка мисија, движење на конвој македонски теренски возила Хамви (HMMWV), „волци“ како обезбедуваат терен и македонски и американски Контролори на здружен терминален напад како поставуваат опрема во подготовка на напад на цел.

– Ние сме припадници на Баталјонот на специјални сили, доаѓаме од Северна Македонија и тука сме веќе неколку пати, во неколку ротации на вежбата „Combined Resolve XV“. Вредноста на оваа вежба е во интегрирањето и интероперативноста со другите членки на НАТО. Горди сме што сме членка на НАТО, вели македонскиот офицер на Специјалните сили „Волци“, Баталјонот за специјални намени на АРМ.

Видеото е преземено од Јутјуб каналот на Defense Flash News | Извор на видеото: NATO multimedia

„Имињата и ликовите на офицерите се прикриени од безбедносни причини“, наведува НАТО во синопсисот за видеото, во кое зборува и офицер на Специјалните сили на Армијата на САД.

– Придобивката од извежбување и интегрирање на сили за специјални операции од повеќе земји во ваква вежба е тоа што составува сценарио во кое можеме да извежбуваме колективна одбрана. Доколку некогаш мораме да споиме заедно различни сојузнички сили, нема да биде прв пат како минуваме низ сите системи и процеси кои би морале да ги примениме за да спроведеме операции во мултинационална средина. Ова е извонредна можност не само да ги поврземе межународните сили со американски партнери (единици, н.з.), туку и да ги поврземе меѓусебе, како и со партнерските земји, и да видиме како решаваат проблеми и работат заедно, вели офицер на американските Специјални сили, „зелени беретки“.

Силите за специјални операции од НАТО-сојузниците Северна Македонија и Романија вежбаа интегрирање со конвенционални сили за време на вежбата „Combined Resolve XV“, предводена од САД, која се одржува во Германија од 1 февруари до 5 март.

Операторите од Баталјонот за специјални намени, наречен „Волци“, работеа со нивните сојузнички колеги од 51.Баталјон за специјални операции на романската армија и специјалните сили на САД во поддршка на конвенционалните единици од различни сојузнички и партнерски нации.

На средината на февруари „волците“ и нивните романски колеги ги посетил и заменик командантот на Европската команда на Армијата на САД за специјални операции, американскиот полковник Марк ЛаРош, кој ја истакнал важноста на интероперативноста – способноста на единици од различни земји да дејствуваат заедно.

„Волците“ на вежбата се дел од Наменската група за специјални операции, задолжена за поддршка на операциите на полска механизирана бригада и на американска бригада на борбената авијација.

Вежбата здружува елементи за специјални операции кои се подготвуваат да служат како дел од Командата на компонента за специјалн и операции, предводена од Италија, која же биде дел во идна ротација на НАТО силите за одговор ( NRF – NATO Response Force). Вежбата е важен чекор кон сертифицирање за мисијата на НРФ

Околу 4.700 војници од 10 сојузнички и партнерски земји учествуваат во вежбата „Combined Resolve XV“ на воените полигони Графенвоер и Хохенфелс во Германија. Вежбата е предводена од Армијата на САД, а, покрај македонските, учествуваат и трупи од Босна и Херцеговина, Грузија, Италија, Косово, Литванија, Полска, Романија и Словенија.

За да се заштитат од зараза со ковид-19, сите земји-учеснички ги тестираа своите војници пред и по распоредувањето и ги ставија во карантин пред почетокот на вежбата. Физичкото растојание се одржуваше секогаш кога условите дозволуваа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.