Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НАТО Центар за поддршка и помош на домашните компании за учества на тендери на Алијансата

0
By Sashko on September 25, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Преку НАТО Центар за поддршка на домашните компании што од денеска ќе функционира во Министертсвото за одбрана, фирми од земјава ќе може да учествуваат на тендери за потребите на Северноатлантската алијанса кои на годишно ниво изнесуваат пет милијарди евра.

Премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и заменик-министерот за финасиии Димитар Ковачевски денеска на прес-конференција во Министертството за одбрана истакнаа дека преку центарот компаниите имаат можност да учествуваат во постапките за набавки на НАТО и на земјите членки.

Членството во НАТО ни овозможи сигурност на безбедносен план, но носи и големи придобивки за економијата. Компаниите можат да аплицираат и да заработат од вкупниот буџет од пет милијарди евра. Нашите компании се рамноправни со другите фирми од земјите членки на НАТО и пред нив има огромни можности за заработка, истакна Заев.

НАТО Центарот за поддршка ќе биде точка од која компаниите ќе ги добиваат сите информации за учество на тендерите. Тој, како што наведе Заев, нема да биде само бирократска алатка туку алатка која ќе им помага на фирмите.

Компаниите имаат можност да станат деловен партнер на Алијансата, за што ќе добиваат сеопфатна поддршка. Државата ќе помага, но најмногу ќе зависи од подготвеноста на компаниите да се прилагодат и да учествуваат во тендерите на НАТО. Секој добиен тендер не е само поголем профит и сериозна референца за компаниите, туку и плус приход за нив и придонес за развој на државата, рече Заев.

Истакна дека имаме квалитет и цени со кои сме конкурентни, а се отвора можност и за ИТ-компаниите

Ние сме дел од НАТО и нè прифаќаат како доверлив партнер. Тоа отвора дополнителни хоризонти за земјата како еднаква меѓу еднаквите, кажа Заев.

Шекеринска, пак, порача дека во НАТО центарот домашните компании ќе имаат поддршка, не само административна, туку и за успешно аплицирање на тендери и поврзување со светските гиганти кои веќе имаат договори со НАТО-агенциите, а имаат потреба и од добавувачи.

Нашето членство во НАТО Алијансата сакавме да го гледаме и како шанса за зголемена ефикасност и мислам дека денешното официјално отворање на Центарот покажува дека навистина сме ја зголемиле ефикасноста и на нашите институции. Со навистина многу добра соработка со Министерството за финансии успеавме во многу брз рок да се донесе законот кој ни даде шанса да се формира Центарот и да се отвори процедурата за домашните компании, рече Шекеринска.

Информира дека веќе има и заинтересирани компании кои сакаат да ја почнат процедурата за учество во НАТО тендери.

Нашата поддршка ќе биде сеопфатна и суштинска, и затоа ги охрабрувам домашните компании да се впишат во евиденцијата на економски оператори и да се здобијат со потврда којашто ќе ја издава Министерството за одбрана за исполнетоста на условите за учество во постапките на НАТО тендери. Сите информации можат да ги добијат на веб-страницата на МО, а ќе се настојува процедурата да биде наједноставна и најбрза, рече министерката за одбрана.

Членството на НАТО, посочи Шекеринска, треба да се искористи не само како поттик и зголемување на нашата безбедност, туку и како дополнителна шанса за економијата.

Заменик министерот за финансии Ковачевски најави дека ќе има интензивна соработка со стопанските комори и со компаниите на кои им стојат на располагање да им помогнат да се вклучат во тендерските постапки на НАТО, вредни пет милијарди евра на годишно ниво.

Тој укажа и дека искуството на сите земји членки покажало дека со вклучувањето во НАТО, покрај зацрврстување на безбедноста, се оставруваат и бројни економски бенефити за државата.

компании Македонија НАТО Центар тендери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.