Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нацевски: Македонија и Бугарија имаат големи потенцијали за економска соработка

0
By Zoran Ivanov on December 15, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 15, 2024 18:29

Новите кредити од Унгарија треба паметно да се вложат во оправдани капитални проекти  кои ќе донесат додадена вредност и профит, а самите банки треба да допринесат во оправданоста на проектите.

За Македонија воопшто не е добро Албанија да влезе во ЕУ пред Македонија зашто тоа би можело да значи и политичка дестабилизација на државата и доведување во опстанокот на нејзината унитарност.

 Интервју со Влатко Нацевски – стопанственик

Влатко Нацевски е експерт консултатнт во меѓународната асоцијација Fédération International Des Ingénieurs Conseils – FIDIC која ги промовира највисоките стандарди во градежништвото. Нацевски вели дека членовите на здружението се здобиваат со поголем кредибилитет со што стануваат поконкурентни, особено при учество на значајни градежни тендери кои следат правила на FIDIC. Членството во FIDIC, вели тој, ќе придонесе и за подобрување на бизнис климата во Бугарија.

НОВА: Како со стопанственик или бизнисмен, сеедно, да почнеме од некој почеток, од економската транзиција. Каде погреши тогашната политика?

Нацевски: Па концептот во економијата од почетокот, на стартот на транзицијата беше згрешен. Цела економија, за жал, беше уништена. А додека бевме во Југославија изградивме и функционални институции и инфраструктура и моќни компании. Фирмите беа фирми, могу од нив извозно ориентирани. Секоја фирма, компанија имаше востановено стандарди за деловно планирање, а производите беа со сериозен квалитет, со строго утврдени стандарди.

Ги имаше Технометал Вардар, Макотекст, Интеримпекс, Славија, Охис, Цементарница, Газела, Годел, Мермерен Комбинат Прилеп, Циглана Киро Чучук , Годел, Газела, ФАС,  Окта, МЗ Тито, Железарница, Раде Кончар, Европа, Бучим …, па рудници, земјоделски комбинати, винарии, тутунска индустрија, … . Се` економски брендови.

И како претпријатија, како стопанство, но и како држава, имавме меѓународен рејтинг, углед за степенот на економијата но и социјален стандард, дури и на спортски план бевме сила. Денес, денес некако се како да е на импровизации.

И имаше Ред. Не беше дозволено која фирма сака да увезува и да извезува независно. Имаше специјални увозно извозни дозволи. Денес има многу човек фирми кои прават штета и малверзации на локален и меѓународен план. Со трансформацијата на фирмите од државна, од општествена сопственост во приватна, се уништи 90 проценти од економијата.

Директорите станаа капиталисти и газди на фирмите, некои ги распродадоа за жал и на странци. Во најголем дел ги уништија бидејќи на поединци целта им беше материјално богатење и парите и капиталот го изнесоа во странство.

Не беа поставени заштитни механизми да се заштити капиталот и да се санкционираат криминалот.

Нова: Низ призма на економијата па сепак политички – Европска Унија или БРИКС?

Нацевски: ЕУ, секако. Македонија мора да направи реформи кон Евроинтеграции, да ги јакне релациите со најмоќните како Германија, да го реализира договорот со Бугарија околу промена на уставот на Република Северна Македонија.

Реформите можеби не се клучен индикатор кон ЕУ но мораме да ги направиме за да немаме пречки од земјите членки на ЕУ. Мораме да имаме раст и развој на економијата, да функционира судството, криминалот и корупцијата да се санкционираат.

Инфраструктурата е и посебна тема и посебен проблем.  Треба да се преиспитаат инфраструктурните проекти, да се преоцени нивната рентабилност и економска оправданост.

Мора да се реализира паневропскиот коридор број осум кој го поврзува Јадранското со Црното море. Тука е нужен и патен и железнички коридор . Од Варна, Бургас, Димитровград, Пловдив, Софија, Скопје, Елбасан, Драч.

Довршување на железницата на коридор 8 или таканаречената пруга кон Бугарија е од стратешки интерес за Македонија. Најавата за брза пруга Дел од Коридор 10  е добар проект, но треба да се обезбедат пари, а новите кредити од Унгарија треба паметно да се вложат во оправдани капитални проекти  кои ќе донесат додадена вредност и профит, а самите банки треба да допринесат во оправданоста на проектите.

Нова: Македонско – ЕУ и македонско – бугарските односи низ призмата на економијата?

Нацевски: Оптоварени сме со национализам, а за бизнисот е проблем каков и да е национализам. Со војната во Украина, ЕУ тежнее западниот Балкан да го внесе во ЕУ ама

политичките елити, поаѓајќи и од досегашните параметри, не допринесоа за резултат во таа насока.

Мислам дека се направи вештачка омраза кон Бугарија што кај нас предизвикува евро скептицизам, а тоа,  поттикнува симпатии за влез во друга унија како што е БРИКС.

За Македонија воопшто не е добро Албанија да влезе во ЕУ пред Македонија зашто тоа би можело да значи и политичка дестабилизација на државата и доведување во опстанокот на нејзината унитарност. Инаку, Македонија не е веќе тема во Бугарија и нема да биде се додека не ги внесеме Бугарите во Уставот. Според мене тоа треба да се случи што поскоро. Македонија и Бугарија како соседи имаат големи потенцијали за економска соработка. Посебно и на планот на енергетиката.

Бугарија ги има нуклеарните Белене и Козлодуј и нашата држава би можела да биде соинвеститор во дел од тие капацитети со што би можеле да добиваме евтина струја за развој на Македонската економија. Македонија и Бугарија имаат само 300 милиони евра трговска размена што е малку. А имаме слична историја, економски слична транзиција. Нужна ни е поголема соработка за да оствариме и позабрзан економски раст и развој.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 13, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

ВЕСТИ May 13, 2026

Иран нема да влезе во втората рунда преговори со САД додека не се исполнат пет…

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.