Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Национален едношалтерски систем за забрзување и олеснување на транспортот и трговијата

0
By Marija Todorovska on February 7, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Националниот едношалтерски систем, за чија имплементација се обезбедени околу четири милиони долари од Светска банка преку Проектот за забрзување на транспортот и трговијата на Западен Балкан, треба да овозможи олеснување на трговијата, забрзување на транспортот и забрзана интеграција во ЕУ.

Тендерот за имплементација на системот, според најавите, ќе биде објавен во првото тримесечје од годинава, а освен Царинската управа која е координатор, во целиот процес ќе бидат вклучени вкупно 16 државни институции. Новиот систем треба да овозможи целосна дигитализација на издавањето дозволи, лиценци и нивно плаќање, колективно користење на податоците од страна на институциите и можност за комуникација со институциите на другите земји.

– Истиот треба да ги намали трошоците и времето на чекање потребно за завршување на извозните и увозните постапки. Ова ќе овозможи олеснување на трговијата, забрзување на транспортот, забрзана интеграција во ЕУ, а со тоа и зголемување на конкурентноста на македонските компании и подобрување на условите за водење бизнис. Преку интерпретација на системот ќе се овозможи унапредување на анализата на ризик за сите институции кои се вклучени во издавањето дозволи во прекуграничната трговија со што ќе се намали бројот на контроли, а истовреме ќе се зголеми квалитетот на услугите, изјави директорот на Царинската управа Стефан Богоев.

Според вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, бизнис секторот многу наскоро ќе ги почувствува придобивките од овој систем.

– Фактот што ние во регионот имаме премногу граници кои претставуваат вистински тесни грла кои реално се објективни пречки за водење бизнис со кои нашите компании се соочуваат, е првата и основна причина зошто кога почнавме да го спроведуваме овој проект, мислевме на тоа да се олесни транзитот на капитал и работна сила на една страна и стоки и услуги на друга страна, нагласи Битиќи.

Ги повика сите одговорни лица во овој проект, иако се влегува во период на предизборие, максимално да се посветат и да работат на креирањето на новиот закон за едношалтерски систем со цел проектот да резултира со законско решение кое ќе биде целосно апликативно во пракса.

– Намерно споменав предизборие затоа што кога бев дел од бизнис заедницата знам дека секогаш кога влегувавме во предизборие ни кажуваа сега е време за пауза. Бизнисот нема време за пауза, тој не може да чека три, шест, девет месеци додека политичарите се договорат како ќе ја водат земјата, потенцира Битиќи.

Според министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, се работи на имплементација на интелигентен транспортен систем на јужниот дел од Коридорот 10, кој заедно со рехабилитацијата на патиштата ќе овозможи забрзана трговија и транспорт.

– Истовремено како дел од Проектот на Светска банка се работи на имплементација на интелигентен транспортен систем. Ова, но и рехабилитацијата на сите патишта, ќе овозможи забрзана трговија и транспорт, рече Бочварски.

Освен воведувањето на едношалтерскиот систем, преку проектот на Светска банка се финансира и модернизацијата на граничните премини.

– Во тек е поставување на систем за видео надзор и препознавање на регистарските таблички на сите гранични премини во земјава, со што ќе се зголеми автоматската контрола врз патничките и товарните возила што ги преминуваат границите, посочи Татјана Марковска од Светска банка

едношалтерски систем ЕУ Стефан Богоев транспорт и трговија Царинска управа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.