Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Националната комисија за УНЕСКО и НП „Галичица“ со посебен софтвер ќе ги утврдуваат дивоградбите на охридското крајбрежје

0
By Marija Todorovska on January 15, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија и Националниот парк „Галичица“ преку посебен софтвер направиле скенирање на охридското крајбрежје по што ќе се утврдуваат дивоградбите, информира министерката за култура и претседател на Националната комисија Бисера Костадиновска – Стојчевска.

Според неа, состојбата на терен ќе каже, а потоа ќе постапуваат.

– Направено е скенирање на целиот терен во охридско-струшкиот регион и ќе утврдиме што се дивоградби во Општина Струга што не, независно од тоа што Општина Струга изјавува, нагласи Костадиновска – Стојчевска по забелешките дека се копа струшкото крајбреже.

Таа посочи дека до Националната комисија за УНЕСКО имало доставено неколку предмети, но и покрај притисоците и инсистирањето дека во општина Струга треба да има градби на одредени места, се постапило согласно закон и одлуките на Комисијата.

– Колкав и да беше притисокот и инсистирањето дека во Општина Струга треба да има градби на одредени места, она што кажа Комисијата дека не треба така и се постапи. Не само градоначалниците на Охрид, Струга и Дебарца што кажуваат, секаде каде што имаме заштитени споменични целини и каде што има право на одлучување Управата за заштита на културно наследство се постапува по закон, не се постапува ништо спротивно од закон, нагласи министерката.

Во текот на февруари во земјава мониторинг комисија на УНЕСКО ќе утврдува на терен колку од препораките за заштита на охридскиот регион се исполнети. Најголем дел од ингеренциите, според министерката за култура, се на општините Охрид, Струга и Дебрца.Таа посочи и дека законот за легализација на бесправно изградените градби е повлечен од собраниска процедура, токму поради забелешките од Националната комисија на УНЕСКО.

дивоградби Охрид Унеско
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.