Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Научниците предупредуваат: Изумирање на човештвото од климатските промени е недоволно сериозно сфатено

0
By Sashko on September 19, 2022 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
Фото: phys.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Катастрофалните исходи од климатските промени, како што е изумирање на човештвото, не се сфаќаат доволно сериозно меѓу научниците, покажа новата студија. Нејзините автори велат дека последиците од поекстремното затоплување, кои сè уште се во игра доколку ништо не се преземе, се „опасно недоволно истражени“. Тврдат дека светот мора да почне да се подготвува за можноста што тие ја нарекуваат „климатски суден ден“ и од научниците од Обединетите нации бараат да го истражат ризикот од катастрофални промени.

Според оваа нова анализа, најблиските обиди за директно да се разбере или позанимава со тоа како климатските промени би можеле да доведат до глобална катастрофа дојдоа од популарните научни книги како што е „Непогодна земја за живеење“, наместо од главните научни истражувања.

Во последните години, климатските научници сè повеќе ги проучуваа влијанијата на затоплувањето од околу 1,5 до 2 степена Целзиусови над температурите забележани во 1850 година, пред почетокот на глобалната индустријализација.

Овие студии покажуваат дека одржувањето на температурите блиску до тие нивоа во овој век тешко ќе ги оптоварат глобалните економии, но дека тоа не го предвидува крајот на човештвото. Истражувачите со причина се фокусираа на овие сценарија со пониски температури.

Во рамки на Парискиот климатски договор, речиси секоја земја на планетата се обврза дека порастот на глобалната температура во овој век ќе се задржи „далеку под“ 2 степена Целзиусови, а ќе се вложат посебни напори да се задржи и под 1,5 степени Целзиусови.

Затоа е сосема природно владите да бараат од нивните научници да покажат што точно би донело тој вид на промена. Но, оваа нова студија вели дека не се посветува доволно внимание на поекстремните исходи од климатските промени.

„Мислам дека здраворазумната проценка на ризикот е да се размислува за најлоши можни сценарија и ако го правиме за сите други ситуации, дефинитивно треба да го направиме тоа и за судбината на нашата планета и вид“, рече водечкиот автор на студијата доктор Лук Кемп од Универзитетот во Кембриџ.

Истражувачите открија дека проценките за влијанието на порастот на температурата за три степени Целзиусови се недоволно застапени во однос на неговата веројатност.

Користејќи климатски модели, извештајот покажува дека според тој тип на сценарио, две милијарди луѓе во некои од политички најчувствителните области до 2070 година ќе трпат годишни просечни температури од 29 Целзиусови степени.

„Годишните просечни температури од 29 степени Целзиусови моментно погодуваат околу 30 милиони луѓе во Сахара и во Заливската област“, вели коавторот на студијата Чи Су од Универзитетот во Нанџинг.

„До 2070 година, овие температури и социјалните и политичките последици директно ќе влијаат на две нуклеарни сили и седум лаборатории со максимална безбедност во кои складираат и чуваат најопасните патогени. Постои сериозен потенцијал за катастрофални домино ефекти“, вели тој.

Во извештајот се наведува дека проблем не се само високите температури, туку кумулативните и домино ефектите како што се храната и финансиските кризи, конфликтите и појавата на болести кои имаат потенцијал да доведат до општа катастрофа.

Исто така, потребен е фокус за идентификација на потенцијалните точки на пресврт, каде растот на топлината предизвикува и други природни настани кои уште повеќе ги зголемуваат температурите – како што се емисиите на метан од топењето на „вечниот мраз“ или шумите кои почнуваат да испуштаат јаглерод наместо да го апсорбираат.

За правилно да се проценат сите тие ризици, авторите го повикуваат Меѓувладиниот панел за климатски промени да подготви посебен извештај за катастрофалните климатски промени.

Истражувачите велат дека сериозното проучување на последиците од најлошите сценарија е клучна важност, дури ако тоа може да ги исплаши луѓето. Тие тврдат дека спроведувањето на ова истражување ќе им овозможи на научниците да размислуваат за екстремни мерки како што е климатски инжињеринг кој може да вклучува и пумпање на разладни средства во атмосферата.

Истражувачите би можеле да извршат и анализа на ризиците за такви драстични интервенции во однос на најлошите последици од климатските промени.

Фокусирањето на најлошите сценарија, исто така, може да помогне во информирање на јавноста и, всушност, може да ги направи тие исходи помалку веројатни.

„Разбирањето на овие веродостојни, но и мрачни сценарија, е нешто што може да го мотивира и политичкото и граѓанското мислење. Видовме дека, кога дојде до идентификување на идејата за нуклеарна зима, тоа помогна да се почнат голем број на јавни иницијативи, како и движењето за разоружување во 70-тите и 80-тите години од минатиот век. Се надевам дека, ако можеме да најдеме слични конкретни и јасни механизми кога станува збор за размислување за климатските промени, тоа ќе има сличен ефект“, вели доктор Кемп.

Повиците за сериозно проучување на поекстремните сценарија се особено поздравени од помладите климатски активисти кои велат дека не се зборува често за нив од страв дека луѓето ќе бидат толку исплашени и нема да преземат ништо.

„Од клучна важност е да ги истражиме сите области на климатските промени, како што е застрашувачката реалност на катастрофални исходи. Тоа е затоа што без комплетна вистина и сите потенцијални последици, нема да донесеме информирани одлуки што нѝ се потребни и нема доволно да притискаме за климатски активности. Климатските промени со години се криеја, погрешно се прикажуваа или избегнуваа и тоа сега мора да престане. Особено поради помладата генерација која ќе биде оставена да се справува со последиците од повеќегодишното тестирање на границите на Земјата“, вели Лаура Јанг, 25-годишна климатска активистка. 

Студијата е објавена во официјалното списание на Националната академија на науките на САД.

Преземено од bbc.com

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
ФОКУС

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

ВЕСТИ September 25, 2025

Од утре стапуваат на сила нови измени во Законот за безбедност во сообраќајот кои предвидуваат…

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.