Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наумов: Со вакво задолжување, дефицитот за цела 2016 ќе се достигне во мај

0
By Нова ТВ on January 13, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, во врска со вчерашното задолжување на Владата на домашниот пазар со 15,5 милиони евра, денеска предупреди дека со вакво темпо на задолжување,планираниот дефицит за целата 2016 година ќе биде реализиран во мај.

– Министерот Ставрески на 24.11.2015 година јасно кажа дека со четвртата еврообврзница се обезбедени средства за непречено извршување на обврските на Буџетот за 2016 година. Само со вчерашната аукција на државни хартии од вредност, Груевски и Ставрески ги задолжија граѓаните на Македонија со нови 15.5 милиони евра нето долг. Односно, само со првото задолжување во 2016 се реализираше 5% од планираниот дефицит за целата 2016 година. Во првите шест месеци од оваа година Ставрески има закажано уште 23 аукции на државни хартии од вредност. Со вакво темпо на задолжување веќе во месец мај планираниот дефицит за целата 2016 година ќе биде реализиран, се наведува во соопштението.

Наумов уште вели дека има впечаток дека во јавноста во последните месеци темата за задолжувањето „почнува да се претставува како лична битка помеѓу Наумов и двоецот Груевски-Ставрески, односно, еве Владата на ВМРО – ДПМНЕ ветува и бара средства за проекти, а СДСМ дури и исплатата на тековните обврски се обидува да ја закочи“.

– Ниту првото, ниту второто не е точно. Во Република Македонија постојат закони. За жал некој ги смета за палома хартии. Граѓаните треба да останат и во иднина да живеат на ова поднебје. Никој не смее да го злоупотребува правото на потпис, за да ја отпише иднината на младите. Очигледно е дека Груевски и Ставрески се водат од девизата ПОСЛЕ НАС ПОТОП, се вели во соопштението од Наумов, при што се наведува дека сето ова се случува во пресрет на одлуката на Управниот Суд, „во чии раце е одговорноста дали ова сценарио ќе продолжи да се остварува“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

ВЕСТИ November 10, 2025

„ИПАРД 3 е програма за периодот 2021–2027, чија цел е модернизација на земјоделството, развој на…

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.