Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наумов: ВМРО-ДПМНЕ го дуплираше јавниот долг

0
By Нова ТВ on December 3, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 3, 2013 15:27


Почнувајќи од 2008, само за 5 години, владата на ВМРО – ДПМНЕ го дуплираше јавниот долг. Груевски и Ставревски потпишуваат документи со кои секоја година не задолжуваат просечно по 270 милиони евра, изјави Кире Наумов, претседател на Советот за економски прашања на СДСМ.

Според него само во време траењето на неговата прес-конференција веќе сме задолжени за нови 1.500 евра. Кога ќе си легнете вечер бидете сигурни дека денот завршил така што имаме поголем долг за 750 илјади евра, затоа што за толку просечно секој ден Груевски зема кредит на име на сите граѓани, рече Наумов.

„Владата ниту во еден момент не помислува да му помогне на стопанството и овие средства да ги остави кај банките и другите инвеститори. Затоа таа денес веднаш емитува хартии во вредност за истата сума, односно за 5 милијарди денари. Останува до крајот на денот да видиме само колкава нов долг, колкава сума над 80 милиони евра ќе бидат прибрани од банките и другите клиенти“, истакна Наумов.

Според податоци од министерството за финансии, во месец октомври, владата на ВМРО – ДПМНЕ, креирала буџетски дефицит од нови 22 милиони евра. Со тоа, до октомври, владата остварила вкупен буџетски дефицит од цели 279 милиони евра.

– Секој месец од оваа година владата троши по 30 милиони евра повеќе од тоа што таа успева да го собере во буџетот преку даноци, такси, казни и други приходи. Ако говориме со речникот на ВМРО – ДПМНЕ, ова покажува дека секој месец на владата и недостасуваат по 30 милиони евра за да може да ги исплати платите, пензиите, субвенциите, социјалните трансфери.

– Но, јавниот долг заклучно со октомври е за скоро 170 милиони евра повисок од вкупните приходи кои владата планира да ги собере со буџетот во 2014 година. Тоа значи дека владата не задолжила за повеќе од едногодишната вредност на платите, пензиите, социјалните трансфери, субвенциите,капитални инвестиции. За да се врати овој долг, една година државата треба да не троши ништо, да живее од воздух и повторно на крајот да останеме должни, рече Наумов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.