Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Навални номиниран за Нобелова награда за мир од професори и научници

0
By Нова ТВ on September 17, 2020 СВЕТ
Фото: latimes.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Професори и научници од САД, Велика Британија и други земји го номинираа рускиот опозиционер Алексеј Навални за Нобелова награда за мир, објави денеска Сергеј Ерофеев, професор на Универзитетот Ратгерс во Њу Џерси, САД. 

-Многумина професори од признати универзитети кои се занимаваат со Русија го номинираа него (Навални) за Нобелова награда за мир, напиша Ерофеeв на Фејсбук. 

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, тој истакнува дека процесот за номинација го започнале научници, но дека тоа не значи дека нема да се придружат и државници или претстaвници на меѓународни организации. 

-Но, едно треба да се запомни, најпрво (во ова барање) не се политичарите, туку научниците, наведува тој и додава дека оваа идеја ја поддржале и оние групи кои претходно имале негативен однос кон дејноста на Навални, но го смениле своето мнение. 

За руската телевизија „Дожд“, Ерофеев изјави дека во групата за номинација се наоѓаат „големи имиња“. 

Според Уставот на Нобеловата фондација, кандидатот може да биде предложен од ректори на универзитети, професори по социјални науки, филозофија, историја, право и теологија. Потоа, членови на парламенти и влади на разни земји, членови на меѓународни судови, директори на научно-истражувачки институти за светска и внатрешна политика, лауреати на Нобелова награда за мир, членови на совети на организации што примиле Нобелова награда за мир, како и членови и советници на норвешкиот Нобеловски комитет. 

Навални моментално е во болницата „Шарите“ во Берлин каде се лекува по нападот против него со хемиска нервна супстанца од групата боеви отрови „Новичок“. По труењето, тој падна во несвест и беше ставен во индуцирана кома од 20 август до 7 септември, додека лекарите се бореа за неговиот живот.  

Европарламентарците денеска изгласаа критична резолуција против Русија поради труењето на Навални. Брисел, Берлин, Париз, Лондон и Вашингтон бараат објаснување од Москва и подготвуваат санкции. Русија негира дека Навални бил нападнат со хемиско оружје и ги бара анализите за тоа од Германија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.