Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не бараме одмазда, бараме правда – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

0
By Zoran Ivanov on October 12, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ромите во Виница денеска излегоа на протест барајќи правда за нивниот сограѓанин Умут Скопко, кандидат за советник од Демократски сили на Ромите (ДСР) на листата на ВМРО-ДПМНЕ, кој пред десет дена беше брутално претепан затоа што одбил да се повлече од изборната листа.

Скопко сè уште се наоѓа во тешка здравствена состојба на скопските клиники.

Протестот се одржа пред полициската станица во Виница, каде што се обратија неговите ќерки Хавин и Фатма Скопко, барајќи правда и најстрога казна за напаѓачот.

Тука сме за правда, не за одмазда. Бараме најстрога затворска казна за лицето кое се обиде да го убие нашиот татко, порачаа тие.

Шенај Османов објави на својот Фејсбук профил од протест за правда во Виница!

Денеска во Виница се одржа првиот протест на Ромската заедница поради насилството врз Умит Скопко. Со извикување на паролите „Правда за Умит“, „Бараме закон, а не пристрасност“, граѓаните јасно порачаа дека местото на насилникот е во притвор, а не дома.

Овој протест е глас на револт, но и повик за правичност. Нема да има вистинска правда сè додека сторителите на насилства се третираат со поблаги мерки и додека жртвите и нивните семејства чувствуваат неправда.

Очекуваме судската власт повторно да ја преиспита изречената мерка куќен притвор и да донесе правична одлука – ефективен притвор, во интерес на правдата и безбедноста на сите граѓани.

Правдата не смее да зависи од тоа кој е жртвата, а кој сторителот. Правда за Умит!“, истакна Османов.

 

Виница протест Роми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.