Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се главни кочничари за влез на земјава во ЕУ

0
By Zoran Ivanov on February 18, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 18, 2026 09:51

По нешто повеќе од 15 дена од несреќната изјава на Николовски, стига објава дека  ЕУ ги отфрлила сите предлози на превозниците од Западен Балкан, и тоа не од нашиот, туку од босанскиот министер за транспорт, кој изјави дека засега “нема решение за проблемот со транспортерите.

Драган Мишев

Според последното истражување на Институтот за демократија Социетас цивилис презентирано во Сoбранието кон крајот на јануари, по долги години пад, се бележи раст на поддршката на граѓаните на Северна Македонија за влез во Европската унија. Ваквиот раст, пред сè се должи на промената на расположението и поддршката од претходно неопределените и „неутрални“ граѓани. Според истражувањето направено во ноември лани, дури 71 отсто од граѓаните дале поддршка за ЕУ, што е скок од речиси десет отсто, и, што е најинтересно, таа разлика се должи на сменетото расположение кај македонскиот етникум.

Според резултатите, ЕУ континуирано се гледа како најдоверлив партнер на Северна Македонија, сега и поради птомрнливат политика на администрацијата на Трамп.

Пораката е пратена, но засега наидува на глуви уши кај Власта. Мицкоски упорно одбегнува да ги реализира договорените обврски со кои ќе се одблокираат преговорите за членство во ЕУ. Мицкоски во своето антидржавничко однесување, се чини дека сѐ уште смета на поддршката од парламентарните избори, иако истата драстично се намали на локалните избори, а според истражувањето, поддршката за ЕУ расте и меѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Заблуден за својата улога како голем лидер, поставува дополнителни услови, глумејќи загриженост за Македонците во Бугарија, небаре него го молат да влезе во ЕУ. Очигледно е дека ги занемарува сугестиите од земјите кои веќе ги завршиле преговорите, и станале членки на Унијата, дека горливите прашања полесно се решаваат кога си внатре во ЕУ.

Удобно седнат во скутот на олигарсите, и до максимум искористувајќи ги државните ресурси за лукративни и теснопартиски интереси, тој со својата изјава од собраниската говорница дека „Бугари во Устав нема да има, додека јас сум претседател на Владата на Република Македонија“, полека, но сигурно „забегува“ кон авторитаризам, по примерот на своите ментори, Виктор Орбан и Александар Вучиќ.

Освен на влошување на и онака лошите односи со Бугариа, Мицкоски  од петни жили се труди да ги обнови несогласувањата со друга соседна земја, Грција, откако беше решен деценискиот проблем и се тргна ветото за влез во НАТО. Овој пат, Мицкоски не се придржува за уште еден ратификуван меѓународен договор, избегнувајќи да го користи уставното име на државата.

Со создавањето надворешни и ванатрешни непријатели, Мицкоски го артикулира и практикува принципот да идентификува, измисли или засили специфичен непријател за да ја насочи популиатичката омраза што ќе го одржи на врвот на политичката моќ.

Во меѓувреме, граѓаните и економијата се соочуваат со сѐ поголеми пречки при обидите да ги преминат границите на ЕУ. Веќе ни лажните објави, како онаа на министерот за транспорт Николоски дека добил одлични вести од Брисел во врска со огромниот проблем на превозниците од Северна Македонија, претставувајќи го како голем успех на Владата, чии ставови се прифатени, и возачите се прифатени како професионалци, зошто токму тоа било барањето од министерот и владата, не траат долго. По нешто повеќе од 15 дена од несреќната изјава на Николовски, стига објава дека  ЕУ ги отфрлила сите предлози на превозниците од Западен Балкан, и тоа не од нашиот, туку од босанскиот министер за транспорт, кој изјави дека засега “нема решение за проблемот со транспортерите.

Во меѓувреме, уште една финансиска инјекција од ЕУ за Софија во најава. Бугарија е на чекор до добивање повеќе од 3,2 милијарди евра европско финансирање за забрзана модернизација на вооружените сили преку инструментот SAFE.

Станува сѐ поочигледно дека не Бугарија, туку ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се главен, ако не и единствен кочничар за влез на земјава во Европската Унија.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

Драган Мишев колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.