Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не, дедото на Урсула фон дер Лајен не бил генерал на СС: Лажен твит ја поврзува со нацисти

0
By Ана Василевска on March 29, 2024 СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ
Урсула Фон дер Лајен
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И двете тврдења дека нејзините баба и дедо биле поврзани со нацистите на кој било начин се лажни.Описите на фотографијата ни кажуваат дека прикажува млада жена наречена Хилдегард Зантоп со Хитлер на трети октомври 1937 година во Букебург.

The Cube ги разгледува тврдењата дека бабата и дедото на претседателот на Европската комисија биле нацисти и се сликани како се ракуваат со Адолф Хитлер.

На социјалните мрежи циркулираат лажни тврдења дека бабата и дедото на Урсула фон дер Лајен биле нацисти и поддржувачи на Адолф Хитлер, но нема никаков доказ за тоа.

Овој твит, виден над 30.000 пати од времето на оваа проверка на фактите, тврди дека дедото на претседателот на Европската комисија бил СС генерал наречен Карл Албрехт Оберг.

Во твитот се вели дека тој најпрво служел во Полска и го промовирал истребувањето на Евреите и Словените, како и чистката на Полјаците, пред да се пресели во Париз каде ја водеше борбата против францускиот отпор и ја презеде одговорноста за таканареченото „Еврејско прашање“.

Според твитот, тој го направи задолжително носењето на жолтата ѕвезда и нареди околу 100.000 луѓе да бидат испратени во логори на смртта.

Објавата е придружена со црно-бела фотографија на која наводно се гледа како бабата на Фон дер Лејен се ракува со Адолф Хитлер, со наводен цитат од самата Фон дер Лајен, кој вели: „Мојата слатка баба не ја изми раката еден месец по оваа скапоцена прилика.”

И двете тврдења дека нејзините баба и дедо биле поврзани со нацистите на кој било начин се лажни.

Генералот на СС по име Карл Албрехт Оберг навистина постоел, и тој навистина наредил депортација на илјадници Евреи од Франција во концентрациони логори, но тој не бил дедо на фон дер Лајен.

Тврдењето најверојатно произлегува од фактот дека нејзиниот дедо се викал Карл Албрехт – вообичаено германско име.

Според германските проверувачи на факти, овој Карл Албрехт студирал медицина во 1920-тите и работел како лекар за време на војната.

Тие рекоа дека нема докази дека тој некогаш бил член на СС.

Истото важи и за неговиот син, Ернст Албрехт, таткото на Урсула фон дер Лајен, кој служеше како генерален директор за конкуренција во Европските заедници, а подоцна стана министер-претседател на покраината Долна Саксонија. Секоја врска со нацистите сигурно ќе излезе на виделина во тоа време.

Што се однесува до фотографијата на Хитлер како се ракува со наводната баба на Фон дер Лајен, тоа не е таа.

Обратно пребарување на слики нè води до различни написи користејќи ја сликата, кои ни кажуваат дека таа доаѓа од различни фотоагенции.

Описите на фотографијата ни кажуваат дека прикажува млада жена наречена Хилдегард Зантоп со Хитлер на трети октомври 1937 година во Букебург.

Гледајќи наназад во семејното стебло на Фон дер Лајен, ниту една од нејзините баби не го носи тоа име, и колку што знаеме, Хилдегард Зантоп воопшто не е поврзана со фон дер Лајен.

Извор: Еуроњус

Подготви: А. В.

дезинформации Урсула фон дер Лајен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.